Хиерархија на луксуз

Не е важно колку пари заработуваш, важно е какви брендови носиш, објаснува првиот човек на ХСБЦ во Хонг Конг, Ерван Рамбург, кој во својата книга за луксузот во Кина ("The Bling Dynasty") воведува пирамида на луксуз кај брендовите.

 

Ерван Рамбург ја креира пирамидата за да покаже како големите брендови се разликуваат во достапноста од секојдневните луксузи. Од дијаманти до Старбакс или одење во ресторан.

Проблемот со луксузните брендови е кога тие ќе станат премногу достапни, веднаш се и помалку привлечни за супербогатите купувачи. На пример најголемиот дел од богатите Кинези го сметаат Луи Витон за "бренд за секретарки."

"Луи Витон стана премногу секојдневен. Секој го има. Го гледаш во секој ресторан во Пекинг. Јас сега повеќе преферирам Шанел или Ботега Венета. Тие се поексклузивни," објаснила една кинеска милијардерка.

Моментално кинескиот пазар е посебно гладен за несекојдневни и непознати луксузни брендови. Во интервју за Бизнис Инсајдер, основачката на елитното кинеско училиште за етика Институтот Сарита, Сара Џејн Хо, објаснува дека сега исклучиво "го купува брендот Maison Ullens - француски бренд произведен во Италија" кој го набавува директно во Париз.

"Кога ќе се вратам во Кина сите мои студенти се чудат од каде ми е купена облеката. Многу природно, моето училиште стана почетна точка на продажба на Maison Ullens, бидејќи моите студенти обожуваат да ги купуваат нивните работи," објаснува директорката.

24 март 2015 - 11:13