Она што имаат е интернет сервис, кој ја индексира телевизиската програма во САД, автоматски прави транскрипти на целиот разговор во програмата и после ова го нуди во пребарување. Нешто налик Гугл пребарување за телевизија.
Сервисот и компанијата што го нуди ова се вика СнапСтрим, и доаѓа во две варијанти, да ти дадат сервер и да го инсталираш кај тебе или да ти дадат пристап до материјалите снимени на нивните сервери. Опремата што ја нудат, може да снима до 10 програми во исто време и да им пушта видеа на 50 луѓе.
Иако снимањето е веќе рутинско, суштинската разлика кај СнапСтрим е неговата способност да го транскрибира разговорот, што потоа го нуди како уникатна опција за пребарување на аудио-визуелни медиуми по текстуална основа. Плус во него се вклучени и регуларните опции за прецизирање на пребарувањето.
Во 2014-та The Wrap го цитираше продуцентот на Дејли Шоу, Пет Кинг, според кој СнапСтрим им ја скратува работата за 60 до 70%.