Проверките на реформите од страна на властите кои ги спроведуваат "повеќе биле исклучок отколку правило," објаснува директорот на ОЕЦД за образование и вештини, Андреас Шустер.
Делумно оправданието за ова е што е потребен сериозно долг рок за да се види какво ќе биде севкупното влијание на реформата врз децата, плус треба многу пари да се потрошат во анализи. Шустер има забелешка и на родителите, кои според него се конзервативна сила и "секој сака подобрување на образовниот систем, ама тоа да не почне од неговото дете."
Слично објаснување има и директорот за истражување на Универзитетот во Саутемптон, со кој проблемот се сведува на тоа дека "политичкиот циклус често пати има потреба од пократки временски циклуси отколку што им е потребно за ефикасни образовни интервенции."
Севкупно по тематика, најчести биле реформите насочени кон "подготвување на учениците за иднината," на второ место се оние задолжени за "подобрување на училиштата," трети по бројност се на тема "еднаквост и квалитет." Дури на четврто место по број на спроведени инстанци се реформите кои се концентрираат на "евалвација и проценка" на образованието