Кешоберачите

Корпоративна Америка чува доволно пари во готовина во банки за да ги купи Далас Каубојс 437 пати без да позајми ниту пара. Далас Каубојс вреди 3,2 милијарди долари.

Освен НФЛ тимот, со парите тие би можеле 53 пати да го купат Нетфликс, или па да ги купат Епл, Фејсбук и Беркшир Хатавеј заедно и уште да им останат пари за трошење.

Во последниот квартал американските компании поставуваат рекордно ниво на кеш резерва во банките која сега изнесува 1400 милијарди долари за топ 500-те компании (S&P 500).

"Добрата вест е што ова значи дека компании како Микрософт и Оракл имаат екстремно здрав баланс што е корисно ако дојде уште некоја криза.

Лошите вести се дека овие корпорации се уште не се подготвени да го трошат својот кеш на нова опрема, нови вработувања и нови истражувања. Доколку овие компании тргнат во потрошувачка, тоа би било значително засилување за економијата," анализира СиЕнЕн Мани.

Ако треба да се извади оптимистички заклучок од ситуацијата тоа е дека - ќе дојде ден кога компаниите пак ќе бидат присилени да одат во шопинг за да го заменат застарениот инвентар.

23 март 2015 - 10:35