И до сега целата аура на Катар 2022-ра беше да ти се одмили првенството (и да го организираш и да го гледаш) што заради обвинувањата за поткуп, што заради нечовечките услови за работниците кои ги градат стадионите за првенството во земјата.
Со промената на датумот на Мундијалот, ФИФА има сериозни проблеми по 2 основи (ако не го сметаме бескрајното мрчење и ругање што ќе го добие од публиката):
- ФИФА во 2011-та потпиша договори за телевизиските права за САД, со Фокс и Телемундо. Договорите и понудите беа направени за летно Светско првенство, а не за Мундијал кој се случува во месецот пред Божиќ и Нова Година. Спорно со овој период е што и онака е преполн со случувања, со новогодишни и божиќни настани, плус тогаш е најинтересниот дел од НФЛ (на страна Супер Боул). За да ги смири и двете телевизиски мрежи, ФИФА неодамна на двете им дозволи да дадат неоспорувани понуди за телевизиските права од турнирот во 2026-та, по цени далеку пониски од она што би било доколку во наддавањето би учествувале ЕнБиСи и ЕСПН. Проблемот е што ваквото решение ќе ја чини ФИФА милиони долари, бидеќи пониските цени за 2026-та ќе постават пониска граница за преговорите за идните Мундијали.
- Прекин и поместување на сезоната на европските фудбалски првенства, кои ќе треба комплетно да го преработат календарот за сезоната 2022/2023. Решението најверојатно ќе биде помалку натпревари, што за клубовите и лигите ќе значи и помалку пари од телевизиска права. Кога уште беа само шпекулации најавите за преместување на рокот на првенството, првиот човек на Асоцијацијата на европски клубови, Карл-Хајнц Румениге, порача дека "Не може да се очекува европските клубови и лиги да ги покријат трошоците за преместување на датумите. Очекуваме клубовите да бидат компензирани за штетата, ако се остварат овие најави."