Дали Спрингстин е доволно земјоделец?

Во песната Badlands, Босот пееше: "Working in the fields till you get your back burned." По неодамнешните даночни измени во Њу Џерси, Гардијан вика дека Спрингстин би можел да го смени стихот со "Owning the fields till you get your tax paid."

Во далечната 1964 година Њу Џерси сакал да го охрабри обработувањето на земјиштето па ги ослободил од данок сите оние кои ќе извадат барем 500 долари од минимум три акри (1,2 хектари) земја.

Минатата година државата реши да ја подигне оваа рампа, доволно за да засегне некои познати лица како Брус Спрингстин, Бон Џови или тапанарот на E Street Band, Макс Вајнберг.

Идејата е да се земат пари од таканаречени лажни земјоделци и да се направи разлика, кој живее од земја а кој од реконрол. Во една истрага на ваквите случаи било утврдено дека Вајнсберг платил само 122 долари данок за земјиште од 14 хектари, Бон Џови бил даночно олеснет за само 104 долари за три хектари на кои има пчеларници а Спрингстин за земјоделскиот имот околу својот дом (Босот има двор околу куќата од 80 хектари!) платил само 4.600 долари. За споредба колку е тоа мала сума, за самата куќа данокот му изнесувал 1380.000 долари.

А не дека тој е сега без поддржувачи. Човек од земјоделското биро на Њу Џерси за медиумите изјави дека Спрингстин навистина има вистинска органска фарма. А се побуни и публицистот на Бон Џови кој потсети дека пчелите биле на имотот на пејачот уште кога го купил а тој решил да ја продолжи дејноста, ангажирајќи пчелари да го водат производството.

25 март 2015 - 11:08