Вести

Корејските работници одат на штрајк против роботите

Се повторуваат лудистичките движеа и протести од 19-от век, кога квалификувани текстилни работници од Англија (ткаачи, плетачи на чорапи и слично) кршеа машини, спротивставувајќи се на механизацијата што им ја загрозувала егзистенцијата. Денес опасноста доаѓа од роботите а историјата им дава право на работниците да бидат загрижени: да не остана некој денес рачно да плете чорапи?

Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Речник

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Трговската војна помеѓу САД и Индија може да ја офајди Кина

Што ти е глобална политика... Америка воведува царини за Индија за да ја казни и да ја принуди повеќе да не купува нафта од Русија. Така индиректно ќе ја казни Русија и ќе ја принуди да ја запре војната во Украина. Од овој сложен трговско-миротворен синџир што го смисли Доналд Трамп најмногу може да ја офајди откачената алка – Кина, на која ќе ѝ сервира уште поевтина нафта.

Како се калеше кинескиот челик

Им биле потребни десетина години, но кинеските металурзи успеаја да создадат челик доволно цврст да ги издржи екстремните магнетни и температурни оптоварувања на фузиските реактори, оние од кои очекуваме да испорачуваат гигавати струја од кофа вода. Суперчеликот ќе биде вграден во кинескиот токамак БЕСТ, кој ќе проработи во 2027 година како подготовка за фузиски реактор.

Британците ни го украдоа СВОЗ

Едно време низ Македонија секоја година имаше СВОЗ. „Сите во одбрана и заштита“, за да им биде појасно на помладите, кои не ги паметат масовните вежби за преврзувања ѓоа-ранети и чистење скривници ниту виењето на сирените за да се држи во форма системот на тревожење при непогоди. Дојде време Англичаните да вежбаат СВОЗ, а ние да не знаеме како да укажеме прва помош на човек.

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Со неверојатна стапка на раст на реалниот животен стандард од над 300% во изминатите 30 години, двојно повеќе од која било друга европска земја во тој период, Полска веќе го надмина европскиот просек, се изедначи со многу побогати европски земји, а на пат е да ја надмине и Јапонија. Корените биле пуштени уште во социјализмот, кога малите бизниси полнеле 20% од буџетот.

Газа нема храна, но има плати за Хамас

Двете години уништувачка војна го десеткуваа воениот капацитет на Хамас, но групата сè уште има доволно пари за да ги плаќа јавните службеници. Платите се сведени до минимум, а кога нема кеш се исплаќаат во брашно. Се доставуваат по тајни канали, а се црпат од трезор во кој пред терористичкиот напад врз Израел биле скриени стотици милиони долари во кеш.

Премиер со вештачка интелигенција

Искреното признание на шведскиот премиер дека се консултира со ЧетГПТ за некои прашања ја разбранува јавноста. Го напаѓаат дека споделува чувствителни информации со апликација на приватна фирма, дека бара совети од машина што лесно може да халуцинира. Кога малку стивна бурата, Швеѓаните бараат одговор на друго прашање: Зарем некој денес воопшто може да не користи ВИ?

На 79% од израелските Евреи не им пречи Газа да умира од глад

Огромно мнозинство од израелските Евреи не се загрижени од извештаите дека десетици палестински деца секојдневно умираат од глад во Газа поради израелската блокада на хуманитарната помош. Речиси исто толку веруваат во објаснувањата дека Хамас ги изгладнува луѓето во Газа, а Израел „прави сè што може за да ги нахрани Палестинците“. Сосема спротивен е ставот на израелските Арапи.

Мелони забранува поигрувања со полот на децата

Италија ќе ги заостри контролите врз медицинските третмани за потврдување на полот за малолетници. Законот ќе ги регулира лековите како што се блокатори на пубертетот и хормони за феминизирање или мажественост за лица под 18 години кај кои е регистрирана родова дисфорија. На владиниот предлог веднаш се кренаа застапниците за правата на трансродовите лица.

ОпенАИ го предаде човештвото

Џефри Хинтон, Лоренс Лесиг, Стивен Фрај се меѓу стотиците водечки експерти за вештачка интелигенција и јавни личности што во отворено писмо ја обвинуваат ОпенАИ дека го предала човештвото. Тие бараат од компанијата на Сем Алтман да се откаже од желбата за профит и да се придржува до својот основен принцип да ја развива новата технологија за доброто на човештвото.

САД се префрлаат од мРНК на традиционални вакцини

Американските власти повеќе нема да финансираат развој на вакцини што користат мРНК технологија. Средствата и фокусот ќе бидат префрлени кон традиционалните вакцини, кои се произведуваат побавно, но важат за побезбедни. Министерот за здравство Кенеди најави дека приоритет е производство на универзална вакцина, која ќе штити и од коронавируси и од грип.

Израелците убиваат во Газа со српска муниција

Србија во првите шест месеци од оваа година му продала на Израел повеќе муниција отколку во целата 2024 година, која била рекордна. Претседателот Вучиќ прво се пофали со тоа, па потоа се обиде да го скрие од јавноста. Во меѓувреме полни авиони летаат од „Никола Тесла“ за израелските бази. Поддршката за геноцидот во Газа ја наплаќа со напредно оружје и уреди за шпионирање.

„Печатници“ масовно штанцаат лажни научни трудови

Издавачите на реномирани научни списанија се преплавени со лажни научни трудови, нарачани од очајни професори на кои им е загрозена кариерата. Тоа егзистенцијално ги загрозува списанијата, но трпи и науката воопшто, бидејќи алатките со ВИ што се користат за нови студии се повикуваат на научната литература без да прават разлика помеѓу легитимни и лажни истражувања.

Поглед на болен човек веќе го активира имунолошкиот систем

Вообичаена реакција е човек да се оддалечи од некој што кашла. Но, уште пред таа свесна постапка, мозокот рефлексно реагирал и превентивно го вклучил имунолошкиот систем, спремајќи го за можна инфекција. Тревогата за одбрана се активира автоматски дури и кога свесно се знае дека заканата не е реална, што укажува дека процесот може да се поттикне и вештачки.

Боледувањата ќе ја банкротираат Европа

Дарежливите бенефиции од 100% плата стимулираат сè повеќе работници низ Европа да земаат боледување, често пати и кога воопшто не се болни. Трендот зачести поради пандемијата, кога се охрабруваше отсуство од работните места за да не се шири зараза. Сега боледувањата се голем товар за компаниите, за државните економии и секако за оние на кои им останува дупло повеќе работа.

Вистинската причина зошто Западот поттикнува војна против Кина

Ставот на САД кон Кина во изминатите две децении еволуираше од економска соработка до отворен антагонизам. Медиумите и политичарите денес шират антикинеска реторика, а владата воведува трговски бариери и санкции. Тврдењата дека Кина претставува закана се чиста пропаганда. Нејзиниот подем навистина ги загрозува интересите на САД, но на сосема друг начин. 

Создаден вештачки мозок со 2 милијарди неврони

Кинески истражувачи претставија суперкомпјутер од нова генерација, со архитектура слична на човековиот мозок. Вуконг, или „Мајмунот на Дарвин“, содржи милијарди вештачки неврони, кои создаваат стотици милијарди синапси. Капацитетот може да му се спореди со мозок на макаки. Способен е за најсложени пресметки и управување модели со ВИ, а притоа троши 100 пати помалку струја.

Русите ќе се вакцинираат против рак

Од творците на Спутник V, првата вакцина против ковид во светот, доаѓа ново револуционерно откритие – вакцина против меланома. Во експерименталната фаза првите пациенти ќе ја примат веќе во септември. Ја користи технологијата мРНК и специјално ќе биде прилагодена за потребите на секој пациент, врз основа на генетскиот профил на туморот. Една доза чини околу 2.800 долари.

Нетанјаху оди на „сè или ништо“ во Газа

Израелските сили се спремаат за завршна офанзива за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Премиерот Нетанјаху и американскиот мисионер Виткоф заклучиле дека преговорите се изгубено време. Снимката со прегладнетиот заложник само ги забрзала воените планови, за да се најде барем некој жив. Последната понуда ќе биде ултиматум за кој се знае дека Хамас ќе го одбие.

Пластиката е глобален проблем од 1.500 милијарди долари

Пластиката е сериозно потценет проблем за здравјето на луѓето и за општо за планетата. Ги загадува воздухот, земјата и морињата и се таложи во сите можни органи. Пластичниот отпад се мери со милијарди тони, а штетата со илјадници милијарди долари годишно. Но петродржавите и моќната индустрија ги блокираат сите глобални обиди за ограничување на производството и инсистираат на рециклирање.

Пивскиот рекорд на фановите на Оезис

Фановите на Оезис го растурија рекордот за испиено пиво на стадионот Вембли на кој повторно собраната група на браќата Галагер закажа седум - полни ко око - концерти. Вембли го имаат полнето и други, на пример Тејлор Свифт. Нејзините "свифтис“ пиеле по 40.000 пива на концерт. Овие на Оезис - 6, 2 пати повеќе! 

Германскиот пензиски систем е пред колапс

Актуелната германска министерка за економија предупредува дека на долг рок, ситуацијата со пензискиот фонд е неодржлива. Населението старее, сè помалку работоспособни луѓе мора да алиментираат еден пензионер, фондот голта сè повеќе милијарди евра. Решението ѝ звучи скроз германски: да работиме подолго! Само што, лесно е тоа да се каже додека се седи во фотеља во Берлин.

Алка со QR код ги испразни грчките болнички чекални

Со едноставен и евтин систем Грција најде решение како да ја смири нервозата во болничките чекални и да им овозможи побрза услуга на пациентите. Им дава алки на кои е втиснат дигитален QR код со информации за сериозноста на медицинскиот проблем. Лекарите имаат увид кој има приоритет, а пациентите знаат колку време и каде треба да чекаат. Ете како за два месеци можело да се воведе ред.

Калифорнискиот куршум-воз испадна ќор-фишек

Ништо во историјата на политички глупости во Калифорнија не е близу до проектот за експресна железница од Лос Анџелес до Сан Франциско. Планиран за 33 милијарди долари, може да достигне 250, а сè уште нема пруга. „Возот-куршум“ на Њусом може да послужи како пример дека економските закони постојат со причина и дека оние што ќе ги извртат ќе мора да ги трпат последиците.

Коронавирус и грип будат заспани клетки на рак на дојка

Респираторни инфекции лесно може да разбудат заспани клетки на рак на дојка и да активираат метастази. Веднаш по инфекцијата клетките на ракот се размножуваат со драматична брзина, а потоа повторно се смируваат. Новото истражување го објаснува и феноменот зошто само во краток период од раната фаза на пандемијата на ковид двојно се зголемил бројот на смртни случаи од рак.