Вести

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Речник

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

САД запираат пари за истражувања со ткива од абортирани фетуси

Администрацијата на Трамп го прекинува финансирањето на истражувања со човечко фетално ткиво од абортуси извршени по желба. Ќе може само од спонтани. Застапниците против абортусот ова го бараа со години. Критичари предупредуваат дека одлуката ќе има последици за биомедицински истражувања за неплодност, дијабетес, ХИВ и невродегенеративни нарушувања.

Имиграцијата е најголемиот проблем за Германците

И покрај долгиот список на глобални војни и закани, како и колапсот на домашната индустрија, нова анкета покажува дека Германците за најголем проблем ја сметаат миграцијата. Во споредба со порано, зголемена е и загриженоста од задушувањето на слободата на изразување. Не е загрижена само владата на Мерц, која ги тера старите политики на социјалдемократите.

Цензорите од ЕУ создаваат конкурент на X

Европа лансира свој одговор на X на Илон Маск. Платформата W наводно ќе овозможи „вистинска“ слобода на говорот. За да биде појасно: Дел е од шведска медиумска организација за климатска акција, сака да ја освои довербата од европските институции и регулатори, а корисниците ќе мораат да го потврдат идентитетот со лична карта со фотографија.

Илјадници Британци добиле погрешни казни за пребрзо возење

Поради грешка во софтверската надградба, стотина сообраќајни камери низ Британија погрешно идентификувале најмалку 2.650 случаи на пребрзо возење во изминатите пет години. Сега се прават напори да им се поништат паричните казни и одземените бодови на возачите. Многу потешко ќе биде да се врати довербата во системот за казнување.

Израел им ја стеснува Газа на Палестинците

Додека Трамп во Давос собира членарина од по 1 милијарда долари од светски лидери за место во неговиот Одбор за мир, Израел тивко ги поместува камењата за демаркација во Газа и потоа систематски ги протерува Палестинците и им ги урива домовите. Жолтата линија за разграничување на мировните карти ја опишува како „илустративна“.

БРИКС има нова стратегија против доларот

Земјите од БРИКС ја напуштаат идејата за воведување заедничка валута и се фокусираат на градење сопствен механизам за финансиски трансакции. Алтернативниот систем BRICS Pay е стратешки обид на земјите од блокот да ја намалат ранливоста од западни санкции, да ги намалат трошоците за трансакции и да ја зајакнат автономијата на членките.

САД планираат да го соборат режимот на Куба до крајот на 2026

Охрабрени од успешната операција за грабнување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, САД активно планираат до крајот на оваа година да го променат режимот на Куба. Администрацијата на Трамп заедно со кубанската дијаспора бара потенцијален соработник во комунистичкото раководство во Хавана, кој би можел да соработува со Вашингтон.

Ветерниците во Шкотска изарчиле струја колку за цел Лондон

Британските ветерни турбини лани попусто потрошиле енергија од 10 терават часови, колку што е потребна за годишно напојување со струја на сите домаќинства во Лондон. Причината е ограничувањата на системот за пренос на енергија, поради кои турбините мора да се гасат и да се активираат централи на гас. 

Трамп сака „само“ воени бази и рудници на Гренланд

Трамп објави дека постигнал договор со НАТО за иднината на Гренланд и за целиот арктички регион. Без да употребат воена сила и економски притисоци, САД би добиле воени бази на островот во трајна сопственост. Планот треба да се усогласи на преговори со Данска. Плус, заканата од царини за осумте европски земји повеќе не важи. 

За три години најнетолерантните луѓе би можеле да го контролираат интернетот

Кога Илон Маск го презеде Твитер во 2022 година, се откри увид во повеќекратните тајни владини напори за масовна цензура. Мејнстрим новинари барале цензура. Ниеден вистински новинар не бара цензура од своите колеги. Она што произлезе беше „Индустриски комплекс за цензура“, кој директно произлезе од воено-индустрискиот комплекс.

Саудиска Арабија гради река под земја

Саудиска Арабија по територија е држава која е дури 84 пати поголема од Македонија. Немаат ни една единствена река ни езеро. Ама затоа имаат пари и кралско семејство кое управува со земјата и на кое му е јасно дека водата за нив не е само прашање на квалитет на живот туку и прашање на опстанок. Затоа, под земја. Ем да не испарува, ем да не може човек пластични шишиња да фрла во неа.

Трамп планира неговиот Одбор за мир да ги замени ОН

Откако за една година го промени светскиот поредок, Трамп сега бара соодветен контролен механизам со кој ќе може ефикасно да управува со новиот свет што го создаде. На Обединетите нации не рачуна, зашто не запреле ниту една војна, а тој лично завршил осум. Алтернативата на ОН би бил Одборот за мир за Газа, во кој членството се наплаќа милијарда долари.

Ги снема климатските промени од агендата на Давос

Светскиот економски форум, кој со години упорно ги пумпаше фосилните горива и климатските промени како најголеми закани за човештвото, се откажа од зелената агенда што агресивно им ја наметнуваше на светските лидери. Сега доминантни теми се геоекономската конфронтација, заканите од војни и како да се подобри животот на луѓето.

Бомбите на Трамп

Со фамозните „бомби на Заев” рајата се фрапираше што сè се случува во политичкиот бекстејџ и  веруваше дека добила вистинска слика за луѓето кои ја водат државата. Ако е така, Трамп го стори истото, само на многу поголем размер. Објави пораки кои ги добил од Макрон и Руте. Да го фати човек секонд хенд срам, во нивно име.

Ако водата е капитал, Земјата банкротира

Светот влезе во ера на „глобален банкрот на водата“ што засегнува милијарди луѓе, се наведува во извештај на ОН. Прекумерната употреба и загадувањето на водата мора итно да се решат бидејќи никој не знае кога целиот систем би можел да се распадне, со незамисливи импликации за мирот и социјалната кохезија. Извештајот открива дека многу општества долго време трошеле вода на кредит.

Европа е преслаба за да се бори за Гренланд

Трамп ќе ја добие битката за Гренланд. Европејците нема да го сопрат, бидејќи се слаби и поделени. Иронијата е што Европа ја избра оваа воена и геостратешка слабост. Дозволи Гренланд да се отцепи  од ЕУ. Избра да ги остави своите војски без потребните ресурси во корист на социјална помош и поддршка за невладини организации. И не може да се договори за ништо.

Норвешка ќе може да запленува имоти заради одбрана од Русија

Норвешките власти почнаа да ги предупредуваат граѓаните дека армијата можеби ќе мора да им ги заплени домовите и возилата доколку избувне војна со Русија. Во понеделникот биле испратени писма до 13.500 адреси, со предупредување до семејствата дека во период од една година може да им бидат запленети имот, возила, чамци и машини.

Светот губи апетит за веганска храна

Веганската исхрана како „поздрава“ алтернатива на месото пред само неколку години се промовираше како „културна револуција“. Рестораните и супермаркетите сега се откажуваат од продажба на веганска храна поради намалениот интерес на купувачите. Луѓето им се враќаат на свинското и на пилешкото како едноставни и поевтини извори на протеини.

Во Холандија граделе соживот, добиле силувања

Студенти во Амстердам биле силувани откако биле принудени да живеат во комплекс заедно со 125 бегалци за да „помогнат во интеграцијата“. Социјалниот експеримент за градење соживот завршил со тепачки, сексуални напади, дури и групно силување. Полицијата ги игнорира пријавите. Сириец, обвинет за силување, е казнет со три години затвор. Но, проектот не е запрен.

Трамп повторно голема ја направи - Кина

Се заокружува првата година од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп во која тој со решителни потези, од царини за сојузниците до најава за грабнување на Гренланд, успеа во очите на светот една земја да направи поголема отколку што таа во тие очи беше пред него. Не се работи за Соединетите Американски Држави туку за Кина. 

Интернетот се претвора во една огромна кладилница

Младиот, 25 годишен Логан Судеит работел како финансов аналитичар за менаџирање инвестициски ризици. Заработувал 75.000 долари годишно. Му здодеала работа со полно работно време и се префрлил на сè попопуларните платформи за предвидување и опклади за сè и сешто, какви што се Полимаркет и Калши. Минатиот месец заработил 100.000 долари.

Проблемот не е дефицит на знаење туку вишок на лажна сигурност

Ова е време на опсесија со брзи судови и СИГУРНИ знаења. Денес луѓето не смеат да „не знаат“. Алгоритмите и ехо коморите ја наградуваат брзината и убеденоста во донесените оценки и судови. Сите знаат што ќе прави Путин, сите знаат каква е судбината на Гренланд, сите знаат сè. За почеток, да повежбаме воздржаност како лична дисциплина и да научиме да разликуваме впечаток од заклучок а верување од знаење?

Иран трајно се исклучува од глобалниот интернет?

Исламската Република го напушта својот традиционален модел на масовна цензура на интернет во корист на нова, многу потемна стратегија за апсолутна дигитална изолација. Во новата строго затворена мрежа, пристапот до надворешниот свет им е даден само на оние со безбедносен сертификат на строга Бела листа. За сите други нема интернет.

Кина бара место во орбитата за 200.000 сателити

Кинески фирми побараа дозвола за поставување на речиси 200.000 сателити во мрежа за обезбедување пристап до интернет што би била седум пати поголема од онаа на Старлинк. Пекинг се жали дека компанијата на Илон Маск веќе ја преоптоварила ниската орбита на Земјата и брза да фати позиции во тесниот и ограничен простор.