Саудиска Арабија гради река под земја

Саудиска Арабија по територија е држава која е дури 84 пати поголема од Македонија. Немаат ни една единствена река ни езеро. Ама затоа имаат пари и кралско семејство кое управува со земјата и на кое му е јасно дека водата за нив не е само прашање на квалитет на живот туку и прашање на опстанок. Затоа, под земја. Ем да не испарува, ем да не може човек пластични шишиња да фрла во неа.

Саудиска Арабија е земја која ги тера инженерите да бараат генијални решенија. Опкружувањето е сурово, со огромни пустини, брутална жештина и географија која никогаш немала луксуз кој повеќето нации го земаат здраво за готово.

Нема постојани реки што ја сечат земјата. Природните езера не постојат како резервни резервоари за време на лоша сезона. Во овој дел од светот, водата никогаш не била на чисто.

Сега Кралството прави нешто смело: гради реки.

Се работи за масивни подземни „реки“ дизајнирани да ја вршат онаа работа што природата не ја врши, да носат вода, во голем обем, секој ден, до местата каде што живеат луѓето.

Идејата звучи како научна фантастика кога се сведува на наслов, но механиката е едноставна и практична. Водата се произведува на брегот и се турка накај внатрешноста преку цевководи кои се однесуваат како контролиран, вештачки слив.

Само што димензиите и размерот се фасцинантни. Системот за водовод на Саудиска Арабија е сертифициран како најголем во светот, со должина од 14.217 километри, со дневен капацитет од околу 19,4 милиони кубни метри.

Ништо не значи таа бројка ако не се доведе во релација со нешто познато: тоа е како да се полнат речиси 8.000 олимписки базени на секои 24 часа. 

Водата го започнува својот живот како морска вода од Црвеното Море или Перискиот залив, се прочистува преку обратна осмоза, а потоа се турка во внатрешноста преку огромна мрежа од цевки, пумпни станици, контроли на притисок и складишни јазли.

Најважната карактеристика е контролата. Природните реки се моќни, но истовремено променливи и сезонски. Оваа вештачка река функционира менаџирана, со мерлива излезна моќ. Тече во тишина под песок и карпи, додека градовите над неа се шират без потреба да преговараат со климата. Во иднина во која сушата станува економски стрес, а недостигот на вода се претвора во политички притисок, тој вид сигурност не е само практичен. Тоа е стратегија.

Допоолнителни предности на подземниот воден свет на Саудиска Арабија е испарувањето се намалува, температурата и притисокот се стабилизираат и линијата е заштитена од песочни бури и случајни оштетувања. 

21 јануари 2026 - 15:13