Бомбите на Трамп

Со фамозните „бомби на Заев” рајата се фрапираше што сè се случува во политичкиот бекстејџ и  веруваше дека добила вистинска слика за луѓето кои ја водат државата. Ако е така, Трамп го стори истото, само на многу поголем размер. Објави пораки кои ги добил од Макрон и Руте. Да го фати човек секонд хенд срам, во нивно име.

Со споделувањето на приватните пораки што ги добил од францускиот претседател и од шефот на НАТО, Трамп ги претстави пред јавноста нивните вистински лица. Од Емануел Макрон ја добил оваа порака:

„Мој пријателе,
Ние сме целосно во согласност со Сирија.
Можеме да направиме големи работи со Иран.
Не разбирам што правиш со Гренланд.
Ајде да се обидеме да изградиме големи работи:
1) Можам да закажам состанок на Г7 по Давос во Париз во четврток попладне. Можам да ги поканам Украинците, Данците, Сиријците и Русите на маргините
2) Ајде да вечераме заедно во Париз во четврток пред да се вратиш во САД
Емануел

Поранешниот дипломат Франсоа-Жозеф Шишан ја толкува оваа порака како засрамувачка за францускиот претседател.

Макрон јасно признава нешто што не го признал јавно, а тоа е дека не го разбрал однесувањето на Трамп за Гренланд. Тоа е штетно затоа што не сакате да бидете разоткриени на тој начин, вели Шишан.

Тој додава дека објавувањето на пораката од страна на Трамп ги поткопува напорите за глобална дипломатија, бидејќи лидерите повеќе не можат да бидат сигурни дека разговараат на само“.

Порака од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, до Трамп:

Господине претседателе, драг Доналд - она ​​што го постигнавте денес во Сирија е неверојатно. Ќе ги искористам моите медиумски ангажмани во Давос за да ја истакнам вашата работа таму, во Газа и во Украина.
Посветен сум на наоѓање пат напред за Гренланд. Едвај чекам да ве видам.
Ваш, Марк

Ова е невообичаено, зашто го открива упикувачкиот однос на политичкиот шеф на НАТО кон лидерот на една членка, макар и тоа да е најсилната. Алијансата традиционално има претпазлив однос кон какви било политичко усогласување.

Ова е доказ дека дипломатските норми се менуваат веќе некое време и тоа не е само претседателот Трамп. Доста е невообичаено приватните пораки меѓу лидерите да бидат објавени, но тоа е дел од склоноста на претседателот Трамп да спроведува дипломатија јавно. Може да се каже дека тоа е врвна мегафонска дипломатија, оцени Оана Лунгеску, поранешна долгогодишна портпаролка на НАТО.

П.С. Ја фаќа ли Шеќеринска срам од ваков шеф полтрон? Упс, заборавивме дека таа по дома се дружеше со ликови како Боки 13.

21 јануари 2026 - 08:47