Со други зборови, на многу места на оваа планета луѓето ја користеле водата побрзо отколку што таа можела да се надополнува во реките и почвите и прекумерно ги експлоатирале или уништувале долгорочните резерви на вода.
Ова довело до тн. банкрот на водата при што водни системи ја поминале точката од која можеле да се вратат на поранешните нивоа.
Не секој басен е банкротиран со вода, но доволно критични системи го преминале овој праг за фундаментално да го променат глобалниот ризик.
Резултатот е свет во кој 75% од луѓето живеат во земји класифицирани како несигурни или критично несигурни за вода, а две милијарди луѓе живеат на земја што тоне како што колабираат подземните водоносни слоеви.
Конфликтите околу водата нагло се зголемија од 2010 година, се вели во извештајот, додека големи реки како што е Колорадо во САД и системот Мареј-Дарлинг во Австралија, не успеваа да стигнат до морето.
„Овој извештај кажува непријатна вистина: многу критични водоводни системи веќе се банкротирани“, вели Кавех Мадани од Институтот за вода, животна средина и здравје на Универзитетот на ОН. „Исклучително е итно, никој не знае точно кога целиот систем ќе се сруши.“