Во Холандија граделе соживот, добиле силувања

Студенти во Амстердам биле силувани откако биле принудени да живеат во комплекс заедно со 125 бегалци за да „помогнат во интеграцијата“. Социјалниот експеримент за градење соживот завршил со тепачки, сексуални напади, дури и групно силување. Полицијата ги игнорира пријавите. Сириец, обвинет за силување, е казнет со три години затвор. Но, проектот не е запрен.

Проектот Стек Оост во населбата Ватерграфсмер во Амстердам ѝ бил претставен на јавноста во Холандија како „решение од соништата“ за кризата со домувањето и бегалците: Вкупно 125 студенти и 125 бегалци  со право на престој ќе живеат еден до друг и ќе бидат охрабрени да се дружат за да се прилагодат побрзо мигрантите на животот во Холандија.

Студенти од проектот интервјуирани од документарната програма „Зембла“ велат дека „соништата“ всушност се кошмари. Жена се пожалила дека редовно има тепачки во ходникот и во заедничката дневна соба. Маж изјавил дека бегалец му се заканувал со кујнски нож. 

Девојка претставена само со името Аманда тврди дека Сириец ја намамил во својата соба, а потоа одбил да ја пушти и ја силувал.

Тој сакаше да учи холандски, да се образува. Сакав да му помогнам, раскажува девојката.

И покрај тоа што го пријавила нападот во 2019 година, полицијата го отфрлила случајот поради недостаток на докази.

Но, само шест месеци подоцна, друга жена што живее во Стек Оост го пријавила истиот Сириецот. Управителите ѝ одговориле дека е „невозможно“ тој да биде избркан, се тврди во документарецот. Сириецот бил уапсен дури во март 2022 година. Бил прогласен за виновен за силување на Аманда и на друго лице од комплексот и во 2024 година бил осуден на три години затвор. 

Каролин де Хир, претседателка на округот Источен округ Амстердам, каде што се наоѓа Стек Оост, тврди дека е правно тешко да се отстранат луѓето од овие блокови. Во летото 2023 година полицијата добила седум пријави за сексуални напади, вклучувајќи и една за групно силување. Не реагирала. 

Луѓето се плашат. Но, за властите тоа не е правна основа за да се отстрани некого од неговиот дом или да се наметне задолжителна грижа, вели Де Хир.

Покрај студентите, згрозен е и персоналот. Вработени во фирмата Стадхнут, која управува со комплексот, побарала тој да биде затворен уште во 2023 година, но локалните власти одбиле. Експериментот ќе функционира до 2028 година, кога ќе истече договорот за управување со локацијата.

Извлековме поука од овие инциденти и затоа интервениравме заедно со општината. На пример, од почетокот на 2024 година, го прилагодивме соодносот на имигранти од 50% на 30%. Покрај тоа, општината назначи надворешен социјален менаџер. Оттогаш, животот во Стек Оост стана помирен, објавија управителите.

20 јануари 2026 - 08:23