Вести

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Речник

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Премолчените 3 милиони жртви на Черчил

Гладот во Бенгал од кој во 1943 умираат 3 милиони луѓе до сега се сметаше дека е причинет од суша. Детална студија на целата ситуација покажува дека вината всушност паѓа на комплетниот неуспех политиките што тогашниот британски премиер Винстон Черчил ги тера во Бенгал.

ММТ кој прв почна

Видни ликови од новата американска левица (Сандерс, Окасио-Кортез) стануваат гласни заговорницџи на Модерната Монетарна Теорија (ММТ) по која централните банки можат да си штанцаат пари и ич да не им чуе за хиперинфлација. Од перспектива на земја која и кога фискалните узди се држат цврсто, таа земја е параспур (хинт: Мира Дизел, Мерко, 800.000 за медиуми само затоа што биле за хартија), ваквата опуштеност би изгледала страшно.

Американската битка за бургерот

Со наратив дека во демократските скути се кријат секакви вегански фашисти и други злотвори кои сакаат да му наудат на американскиоот начин на живот, конзервативци по прес конференции почнаа да јадат хамбургери.

Децата на Кашоги секој месец добиваат рушвет за да не галамат

Освен пари, на четирите деца на убиениот новинар им се дадени и куќи од саудиските власти за да се осигура дека тие „ќе продолжат да покажуваат воздржаност во нивните изјави во јавноста“.

62 центи од секој долар во американскиот буџет би требало да заврши кај војската

Предлог буџетот на Трамп е дека војската и придружниот воен апаратус на САД треба да добијат по 62 центи од секој долар, плус 7 центи за грижа за воените ветерани, а за сè останато во земјата да бидат одвоени 31 цент од секој долари.

Осуден педофил ќе добие пензија од 1,8 милиони долари додека е на робија

Американските власти не можат да ја спречат исплатата на пензија на педофилот доктор освен ако Конгресот не го смени федералниот закон, без разлика што тој моментално отслужува затворска казна.

Златно ослободување на Русија од доларот

Русија забарзано напредува во диверсификација на своите меѓународни резерви за да се ослободи од евентуално погубната зависност од американскиот долар. Само во февруари, во своето чекмеже додале нови 31 тон злато и за еден месец отсвариле добивка од 10 милијарди долари на име на зголемената цена на нивните златни резерви.

Колапсот на наративот за заговор

Откако успеаа да и ја продадат на Америка заговорничката и привлечна идеја дека првиот човек во Белата куќа е компромитиран странски агент, сега доаѓа моментот кога медиумите треба да се проверат самите себе, порачува Ал Џезира во репортажата околу извештајот на Милер и американските меинстрим медиуми.

Песната од Скрилекс која ги ремети комарците

Со оглед на минатогодишното искуство со (не)прскањето против комарци во Скопје, време е да се наоружуваме со корисни информации. Кога се научни, уште подобро.

Саудијците ја имаат најпрофитабилната компанија на светот за 2018

Профитот од 2018 на Епл + Гугл + Ексон мобил = саудиски Арамко.

Непоимливите бројки зад пазарниот удел на Амазон

За овие дваесетина години, од пионер во е-трговијата Амазон е претворен во незапирлив конгломерат од митолошки размери, од кого единствен спас е да не почне да работи во твојот сектор. Бројките што тој ги има во реалноста, се на рамниште на играње видео-игри со „читови“.

Како да продадеш масакр

Во случај на уште едно масовно убиство извршено со автоматско оружје веднаш се повлекуваш и молчиш, пишува Ал-Џезира во репортажата за тајната 3-годишна истрага за работата на американската асоцијација на сопственици на оружје, НРА.

Колку треба да сакаш да се разведеш, кога знаеш дека на бившата ќe треба да и оставиш 600 милиони долари?

Рускиот милијардер Фархад Ахмедов успеа да ја спаси својата јахта од запленување, што и не му менува нешто многу на долг рок бидејќи и понатаму му стои долгот од 600 милиони долари по основа развод.

Сан Франциско, градот на хуманоста. НЕ!

Богаташите на Сан Франциско се организираа и успеаа да соберат 46.000 долари од хуманитарни побуди - да не се гради засолниште за бездомници во една најпосакуваните населби во градот.

Зошто Хуавеи е 5Г кошмарот на САД?

Повеќе работи се и аргументи кои (во теорија) држат, меѓутоа главно целата работа се сведува на тоа дека успехот на Хуавеи во создавањето на 5Г опрема е знак дека САД ја губат лидерската позиција во мобилниот интернет и „симболично означува дека економската супериорност на Кинезите ја минала точката од која нема враќање.“

Би-би-си му плати отштета на Порошенко заради ширење лажни вести

Пакетот е извинување од Би-би-си до украинскиот претседател плус парична отштета, а сето тоа затоа што се залетале и пренеле неточна вест околу Порошенко и Трамп.

Хрватите протеруваат Босанци што не сакаат да кодошат за нив

Разузнавачките структури на Хрватска веќе ги етикетираат како безбедносна закана Босанците што не сакаат да соработуваат со нив.

Само нè лажат

Како ви звучи алкохол што не предизвикува мамурлак, ниту го оштетува црниот дроб, туку само те пијани? Ако ве бендисува, стрпете се пет години.

Дали социјалните мрежи се новото пушење цигари?

Масакрот во Нов Зеланд во кој загинаа 50 луѓе не беше направен само за да предизвика што е можно повеќе жртви, туку и на убиецот да му донесе што е можно повеќе слава на социјалните мрежи преку стримување во живо на истите овие мрежи.

Мексико цело ова време да ѝ памтело на Шпанија

Мексико бара властите во Мадрид конечно да се извинат за злосторствата направени од шпанските конквистадори пред 500 години.

Франција ќе руши дивоградба од 57 милиони евра

По наредба на францускиот суд булдожерите имаат рок од 18 месеци за да демолираат вила од соништата сместена на југот од Франција.

Наскоро ќе осетиме како интернетот се стеснува

Европскиот парламент ги изгласа контроверзните правила за копирајт, сосе најспорните членови 11 и 13. Оптимистите веруваат дека ова ќе го направи интернетот подобар а песимистите дека ќе го направи бетер. Ние сме реалисти: ќе го направи бетер.

Инстаграмот има да нè банкротира

Ако некогаш мерењето кој има повеќе било со комшијата, сега тој мегдан е преселен пред далеку поголема публика што овозможува далеку поголем опсег на причини за љубомора - Инстаграм.

Саудиска Арабија ги цица резервите со вода на Калифорнија, на цака стара 140 години

Во 1877 британски копач на злато почнува да обработува едно парче земја во Калифорнија и со тоа го добива правото и на бесплатно користење на водите кои минуваат низ местото. Век и пол подоцна, човекот е умрен, местото е претворено во град, ама водата и понатаму е бесплатна, во еден случај и за Саудијци.