Во 2018 Арамко генерирал нето приходи од 111,1 милијарда долари, а отприлика уште толку пари лани има платено данок на Саудиска Арабија, со што вкупната сума за минатата година достигнува 224 милиони долари.
Арамко прв пат јавно ги објавува своите бројки по национализацијата кон крајот на 1970-те. Целта зад ова е излегување на берза, што требаше да се случи во 2018 но беше одложено до 2021.
Бидејќи и ова не е доволно за саудискиот производител на нафта, Арамко се подготвува за купување на удел во саудиската петрохемиска групација Сабик во вредност од 69 милијарди долари.
Главна слабост што и се припишува на компанијата е што од данокот на нејзиниот приход (нешто над 50%) се плаќа за луксузниот живот на илјадници принцови, плус социјални програми и воена потрошувачка.