Во журналот Акта Тропика кој специјализира сознанија и истражувања за заразни болести во тропски и суптропски околини, објавена е студија која се занимавала со прехрамбени и репродуктивни навики на комарци.
Откриле дека на гадовите им е помалку до секс или цицање крв кога околу нив свири песната "Scary Monsters and Nice Sprites" од Скрилекс.
За потребите на студијата тие ги набљудувале однесувањето на комарците во средина во која има и во средина во која нема музика. Електронската музика, особено оваа наведената, им го намалува меракот за живеење, поради нискофреквентните вибрации. Во таа бучава им е потешко да се снајдат и да најдат партнер или да детектираат сигнали од присуство на домаќин за храна.
Студијата овде а песната имајте ја при рака: