Лани во јуни пишавме:
Неодамна усвоениот GDPR е малку офтика и малку мачкање очи (вистинските злотвори ги заболе дали сте кликнале за колачиња), но она што следува допрва ќе го уништи ќефот на слободниот интернет
Со 348 гласа за и 274 против во Европскиот парламент, ова сега станува реалност, иако правилата ќе мора да бидат поединечно имплементирани од секоја земја на ЕУ.
Најголемото шубе е околу членот 11 кој интернет платформите како Јутјуб, Фејсбук и други, ги прави одговорни за содржината која корисниците ја ставаат на нив, и за авторските права околу таа содржина. А штом се одговорни, ќе мора да надгледуваат и да филтрираат пред нешто да биде закачено на нив, за утре да не го јадат судскиот стап околу таа содржина.
Членот 13 е за интернет агрегаторите кои ќе мора да плаќаат за содржините кои ги менаџираат, освен за индивидуални зборови и пинцурски извадоци.
Сомничавите сметаат дека ваквата легислатива е само маска за идната цензура и се прашуваат зошто некои дигитални стартапи би започнале во ЕУ наместо на некое друго место на светот во кое нема да им виси европскиот Дамоклов меч на филтрирањето.
Во една хипотетичка ситуација, нема да можете да објавите своја видео снимка од ургентен јавен интерес, на пример пожар во комшиската зграда, ако негде во позадина на тоа видео има билборд со реклама чиј копирајт е во рацете на Проктер и Гембл, бидејќи автоматскиот филтер на ФБ или Јутјуб тој билборд ќе го детектира, ќе утврди дека вие немате право да дистрибуирате нешто од таа компанија и ќе ви го блокира видеото.
Не дека од ваквите правила и од членот 11 баш сите се незадоволни:
****
Види и: