Во веста објавена во мај минатата година (сега веќе избришана од сајтот на Би-би-си) британскиот новински сервис тврди дека Порошенко доплаќал пари за да има продолжен состанок со Трамп.
Во оваа верзија наводно на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, му биле исплатени 400.000 долари.
Погрешните обвинувања се однесуваат на средба од јуни 2017, а истите освен на сајтот се објавени и на вестите на телевизијата.
„Му се извинуваме на г-дин Порошенко за сета болка што му ја имаме нанесено и се согласивме да му исплатиме отштета, судски трошоци и да учествуваме во заедничка изјава пред судот,“ се порачува во соопштението на Би-би-си.
Порошенко во септември поднесе тужба тврдејќи дека обвинувањата за „сериозна корупција“ му предизвикале „значителна болка и срам“.