По ова осврнување кон самите себе, американските медиуми ќе треба паралелно да го поправаат својот впечаток на две места:
- кај јавноста која константно само подлабоко ја навлекуваа на шпионскиот трилер во кој Трамп е човек наместен од Путин („ ...во 80-те бил на пат во Москва...“, „...сака да гради Трамп кула во Москва...“).
- кај сите скептици околу наративот кои на волеј беа дискредитирани или отфрлени од програмите на меинстрим масс медиуми.
Во исто време, во однос на изборите 2020 Ал Џезира го проценува извештајот на Мулер како „подарок каков што Трамп никогаш нема добиено“.
Еден од примерите во репортажата на Ал Џезира е Рејчел Медоу која има „политички коментар“ на Ем-ес-ен-би-си. Од првиот ден таа е најактивна и најгласна околу тоа дека Трамп е човек на Русија, а позиционирањето на Ем-ес-ен-би-си како анти-Трамп мрежа и носи неверојатни бројки на Медоу која во слотот во 21 часот има поголема гледаност отколку Фокс њуз, нешто што е незамисливо до пред само неколку години. Во двете емисии по објавувањето на извештајот на Мулер гледаноста на емисијата на Медоу паѓа за над 20%.