Вашингтон пост објавува дека компензацијата на децата на Кашоги изнесува илјадници долари месечно, а куќите што им се дадени вредат по неколку милиони долари.
Кашоги има две ќерки и два сина, а исплатите „се дел од напорите на Саудиска Арабија да постигне долгорочна спогодба со членовите на семејството на Кашоги, делумно насочена кон тоа тие да продолжат да покажуваат воздржаност во јавните изјави.“
Куќите што ги добиваат децата на Кашоги се лоцирани во пристанишниот град Џеда и се во вредност од 4 милиони долари. Пост пишува дека сумата што ја добиваат наследниците е над 10.000 долари месечно, а можно е секој од нив да добие и еднократна исплата од над десетици милиони долари.
Според весникот најстариот од четворицата, Салах, планира да продолжи да живее во кралството, додека останаите, кои живеат во САД, се очекува да ги продадат куќите.