Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во септември 2024 годна ви следела содржините во ударните термини на МРТ 1, МРТ 2, Алсат - М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма.
Резултатите од анализата покажаа дека во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваа серии и серијали (45 %), по што следуваа информативните емисии со 24 % и играните филмови со 22 %, а најмалку застапени беа документарните програми со 5 % како и хумористичните и музичките програми со по 2 %.
Онаму каде што доминирааат серијалите од турска продукција, жените на екранот билe подолго прикажани од мажите (во 52 % од времето на екранот и исто толку во времето поминато во говорот), а во сите останати содржини на екранот доминирале мажи.
Досега за јавноста интересни беа главно бонус пакетите кои Илон Маск ги добива за Тесла, но откако неговата компанија за ракетна технологија СпејсИкс и ВИ излезе на берза, од таму излегуваат уште посочни детали.
Пишавме дека за само еден ден се збогатил за 164,8 милијарди долари (од скокот на акциите на SpaceX) и дека само со парите што ги добил од двата дена на присуството на оваа компанија на берзата (околу 300 милијарди), тој би бил најбогатиот човек на светот.
Од протечените детали од доверливата изјава за регистрација на СпејсИкс кај Комисијата за хартии од вредност се дознава дека доколку Маск успее да воспостави колонија на Марс со најмалку 1 милион луѓе, заедно со зголемувањето на пазарната вредност на SpaceX на 7,5 трилиони долари, ќе добие 200 милиони акции.
Ќе добие и 60,4 милиони ограничени акции ако компанијата воспостави вселенски центри за податоци кои генерираат најмалку 100 теравати компјутерски капацитет.
Првичните планови на Маск беа да се направи колонија на Марс до 2050 година, со изградба на флота од 1.000 вселенски бродови и лансирање на три дневно. „И штом ќе стигнете таму“, има кажано тој, „ќе има многу работни места што ќе ве чекаат“.
НАСА има далеку поскромен план, само да ги слета првите луѓе на Марс до почетокот на 2040-тите.
Белите мантили пружаат отпор на идејата на министерот за здравство Азир Алиу да воведе систем за евиденција на работното време со отпечаток од прст.
Лекарите не сакаат да се евидентираат со таканаречениот „фингерпринт“, а на Мирослава Симоновска од Слободен печат и најавиле дека доколку во нивната клиника се имплементира ваквиот начин на контрола на работното време, предлогот ќе го оспорат пред Уставниот суд.
Азир Алиу вели дека системот за отчитување на присуството на работа со отпечаток од прст веќе функционира во Министерството за здравство за сите вработени вклучително и за него.
Отпорот кон ваквата евиденција се правда со тоа дека работното време на лекарите е недефинирано и дека тие работеле и кога не се евидентирани.