Кога Џери Ли Луис се ожени за 13-годишна братучетка

Во 1957 година, кога Џери Ли Луис се оженил со својата 13-годишна братучетка Мајра Гејл Браун, не било само таблоиден скандал - било културен земјотрес.

Винона Рајдер како Мајра и Денис Квејд како Џери Ли Луис во „Great Balls Of Fire“

Не само што била дете, туку му била и втора братучетка, а да биде бељата поголема, Луис тогаш сè уште бил легално во брак со друга жена. Целата ситуација го натерала светот да се соочи со непријатни прашања за моќта, за родовите улоги и за тоа што сè може да се сокрие зад сјајот на славата.

Во тој период, Луис бил на врвот на својата кариера - див, харизматичен пијанист, чиј талент и настапи често ги споредувале со Елвис. Сепак, во еден момент, британските новинари ја откриваат вистината за возраста на Мајра за време на една турнеја во Англија, и кариерата почнува да му се распаѓа. Се откажувале концерти, радијата престанувале да го пуштаат, а фановите и критичарите биле згрозени - не само од разликата во годините, туку и од неговиот рамнодушен став:

„Можеби е млада,“ има кажано Луис „ама е жена.“

Од другата страна на приказната е девојчето фатено во брак каде што моќта била нерамномерно поделена. Подоцна во интервјуа, Мајра опишува живот полн страв, контрола и понекогаш насилство. Приказната воопшто не им била романтична - не може ни да биде со оглед на тоа што дете влегува во возрасна врска од која не може лесно да излезе.

Бракот траел повеќе од една деценија, а Мајра подоцна изградилa свој живот и кариера. Но, нејзината приказна - долго време потисната од легендата за Луис - останува како силен потсетник на тоа како животите на девојчињата биле жртвувани во создавањето на машки икони и те тера да се запрашаш колку често ова се случувало, само што бракот не бил под будното око на медиумите?

Има филм со Денис Квејд и Винона Рајдер:

24 јуни 2025 - 11:24