Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Цветковиќ: Срамот на изморените

24 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ако си жена, срамота е да викаш од лутина, ако си маж, срамота е да плачеш од тага, ако си геј, срамота е да постоиш, ако си работник, срамота е да немаш пари, ако си возач, срамота е да немаш автомобил, ако си болен, срамота е што не си здрав, ако си здрав, срамота е што не си продуктивен, и така до бескрај.
  • Бесрамни се единствено оние со купени дипломи, наместени конкурси, сурови газди и корумпирани политичари.

  • Време е срамот да го пренасочиме, не кон оние што преживуваат, туку кон оние што удобно живеат на туѓ грб.

  • Срамот е за оние утепаните, таа презрена група, која се занимава со сопственото место во моралниот систем создаден од бесрамните.

  • Срам не е да немаш, срам е да не ти е грижа.

извор

Русјаков: Светот, галаксијата и црните дупки низ вселената

9 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • ВМРО-ДПМНЕ победувајќи ја изгуби цела Македонија, СДСМ го освои Зрновце, а Левица растури во Њујорк.
  • Апелирам итно да се врати ѓубрето на улиците, ем затоа што им е потребно на стаорците, кои никогаш не ги видовме, ама беа распостелени насекаде по медиумите и мрежите, ем затоа што тоа им припаѓа и со него смеат да се справуваат само надлежните, оние урбаните, најпаметните, освестените, бањатите, политички (над)независните, кои живеат на социјалните мрежи и оттаму неподносливо му досаѓаат на светот, галаксијата и црните дупки низ вселената.

  • Оти ако им го земеме ѓубрето, она духовното, нордистанско, кое самите го ѓубреа низ земјава помагајќи им на орачите и сејачите од „меѓународната“, но и она материјалното, расфрлано по улиците, со што ќе си ги полнат речениците, арогантната недуховитост и гневот од фрустрациите од фактот дека само они знаат како треба и што е паметно, ама глуп народ, никако да им се допре до генијалноста.

извор

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

8 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Бугарското Национално собрание по итна постапка усвои закон што на државата ѝ овозможува да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија Лукоил во Бургас.
  • Цел на Законот е да се обезбеди работење на најголемата рафинерија на Балканот откако Лукоил поради санкции од САД беше принуден да го продаде својот имот во странство.
  • Владата ќе назначи специјален администратор, кој ќе управува со компанијата ако се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Бугарската влада тврди дека ова не е национализација, туку „заштитна мерка што ќе се активира само ако работењето на рафинеријата биде загрозено“.
  • Администраторот ќе има право да гласа во името на акционерите, да управува со средствата и, ако е потребно, да предложи продажба или преструктурирање на делови од компанијата.
  • Рафинеријата во Бургас обезбедува најголем дел од горивата за бугарскиот пазар и овозможува извоз во соседните земји. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Жолтата подморница“ влегува во Македонија

Фудбал
2

Сте виделе како оди брат му на Јокиќ?

Разно
3

Верижна семејна драма во Штип

Разно
4

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

5

Видете го планот на ЕУ за брзи пруги и сè ќе ви стане јасно

Онака
6

Дилеми за славата

Балканштина
7

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
8

Почина Џејмс Вотсон - генијот што ја дешифрираше ДНК, но не и сопствените заблуди

Bookbox
1

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

2

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
3

Русјаков: Светот, галаксијата и црните дупки низ вселената

4

Чипови во шприц сами наоѓаат пат до мозокот

Здравје
5

И Израел има свои тунели за заробеници

Свет
6

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
7

За гостинот во Сончевиот систем не важат гравитациските закони

Наука
8

Сакаат Сонцето да ни свети и ноќе

Наука
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дилеми за славата

Разно

Верижна семејна драма во Штип

Балканштина

Бугарски електричар

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Македонштина

Идната госпоѓа Миа Јангелова

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Моќта на рускиот шамар

Што сè ние плаќаме

Рапорт од Париз до моите пријатели

Ник Кејв удри по ББЦ заради унаказување песна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy