Стареењето забрзува на 44 и на 60

Луѓето стареат постепено, но науката вели дека телото поминува низ две забрзувања во текот на животот.

Се работи за нова студија од Стенфорд, што открива дека има два остри шпицови во биолошкото стареење - кон средина на 40-те и уште еднаш во раните 60-ти.

Промените не се само површински туку масивни - низ илјадници молекули во телото, меѓу протеини, РНК, липиди, дури и бактерии во цревата.

Првото нагло забрзување (околу 44 години) влијае на метаболизмот, кардиоваскуларното здравје и функцијата на кожата и мускулите. Второто (околу 60) влијае на регулацијата на имунитетот, функцијата на бубрезите и уште некои работи, а погодени се и мажите и жените.

Истражувачите следеле 135.000 молекуларни карактеристики кај 108 возрасни во текот на неколку години и стекнале повеќе од 246 милијарди податоци за да ги откријат овие „хотспоти“ на стареењето.

Интересно е што наодите се совпаѓаат и со наоди од други животни - како глувци или мушички, што кажува дека стареењето се случува во одредени фази, а не како мазен пад.

Потребни се уште истражувања, но сепак и ова отвора врати кон разбирање на начинот на кој старееме и како можеме да се справиме со предизвиците што доаѓаат.

23 јуни 2025 - 00:00