Непоимливите бројки зад пазарниот удел на Амазон

За овие дваесетина години, од пионер во е-трговијата Амазон е претворен во незапирлив конгломерат од митолошки размери, од кого единствен спас е да не почне да работи во твојот сектор. Бројките што тој ги има во реалноста, се на рамниште на играње видео-игри со „читови“.

Во е-трговија, Амазон во 2018 има вкупно продажба во износ од - 234,6 милијарди долари.

Само од клауд сервисот што го нуди има приходи од 25,6 милијарди долари.

А без да се мачи од он-лајн рекламите има приходи од 7,4 милијарди долари.

Амазон моментално држи:

- 88,9% од продажбата на електронски книги

- 83,6% од продажбата на електронски читачи

- 42% од продажбата на книги (од хартија)

- 34% од стриминг сервисите

- 33% од уредите за стриминг

Во 2018 Амазон има продадено 807 милиони книги (од хартија) и 560 милиони електронски книги). Годинава Амазон (100 милиони) е само зад Нетфликс (139 милиони) по бројот на претплатници. Спотифај има 96 милиони, Епл мјузик е на 50.

Иако тоа не му беше почетната намера, Амазон е најголемата он-лајн продавница за патики и спортска облека, што во пракса изнесува вкупна продажба од 70 милијарди долари годишно.

Идентично е и со прехранбените производи. Во 2017 Амазон го купи Хол фудс, во 2018 Амазон е петтиот по големина продавач на прехранбени производи во САД со вкупна продажба од 695 милијарди долари. Моментално Амазон држи 3,7 проценти од овој пазар, Волмарт има 25%. Исто така, овој успех на Амазон е направен со продавници на 487 локации. Волмарт ги има 4.750 продавници.

29 март 2019 - 16:41