Ова „сè останато“ опфаќа од образование, култура и театри во САД, до вода за пиење и чист воздух, дипломатија, хуманитарна помош и социјална заштита на граѓаните. За да се постигнат овие 62 центи буџетот предвидува кратење на здравствената заштита и боновите за храна.
Пример, додека за постојните војни на САД ќе се одвојат 164 милијарди долари, за економски развој и хуманитарна помош за останатите земји низ светот ќе се одвојат 4,7 милијарди долари. Оформувањето и работата на вселенските сили на САД ќе бидат финансирани со 14 милијарди долари, додека програмите за „социјални станови“ ќе бидат скратени за 1,2 милијарди долари. Пример, Локхид Мартин ќе добие 11 милијарди долари производство на дополнителни Ф-35 воени авиони.
Додека во предлогот е наведено дека буџетот ги почитува строгите граници поставени од американскиот Конгрес, во него има „скриени“ дополнителни 174 милијарди долари за Пентагон со тоа што се додадени на купот за воени расходи.
„Штедењето пари очигледно е цел само кога е во прашање трошењето за сиромашните, правда и рамноправност, и на спасување на Земјата. Штедењето пари, со други зборови, е само димна завеса,“ се објаснува во текстот во Гардијан напишан од неколку американски автори.
Истите овие автори започнуваат кампања чија цел е „морален и уставен буџет кој ќе ги потсети Американците како достоинството и демократијата навистина изгледаат“. За почеток нивен предлог е дома да се врати најголемиот дел од американските војници кои се распоредени во 800 бази во 90 држави низ светот, и кратење на околу 300 милијарди долари кои секоја година се исплаќаат на изведувачите на Пентагон.