Тврдењата во новата судија објавена во журналот Геофизифички истражувања, даваат научна основа за тоа дека политиките на Черчил одиграле клучна улога во катастрофата од 1943.
Истражувачите ја анализираат база на податоци со влажност на почвата во периодот од 1870 до 2016 со цел да ги реконструираат земјоделските суши. Тие анализраат шест големи суши во периодот од 1873 до 1943, и заклучуваат дека масовната глад во Бенгал е единствената која не е директно поврзана со немање влажност во почвата или проблем со посадените култури.
Тие откриваат дека регионот погоден од масовната глад добива натпросечна влажност во периодот меѓу јуни и септември 1943.
Уделот на Черчил е што решава храната наменета за населението на Бенгал да го пренасочи на прехранување на британските војници кои се борат во Втората светска војна, вкучително и за пополнување на европските резерви со храна наменети за наскоро ослободените Грци и Југословени.
Според индискиот политичар „Черчил на свои раце ја има крвта од милиони луѓе кои Британците повеќе сакаат да ги заборават“.
Во книгата од 2010 „Churchill's Secret War: The British Empire and the Ravaging of India during World War II“ се цитира изјава од Черчил кој вината за гладота ја префрла на фактот дека Индијците се размножуваат како зајци, и ако немањето храна е толку страшно како тогаш Махатма Ганди се уште е жив.