Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Кога е право време за либерални елити да убиваат Републиканци?

Како што изборната машинерија почнува да набива притисок, а масовните убиства во САД се таложат со вонредно темпо, Универзал студио одлучи дека ова може не е време за премиера на нивниот нов хорор „The Hunt“ на тема лов на луѓе.

Германија го укинува данокот на обединување

Речиси три децении по падот на Берлинскиот ѕид германските власти решија дека е доста од собирање пари по таа основа.

Вордпрес го купи Тамблр

Веризон се согласи да го продаде Тамблр на сопственикот на Вордпрес, компанијата Аутоматик, за сума која ако е точна веројатно е врвниот резил за Тамблр.

Како Британија може да ви помогне во крадење милиони евра

Прво и основно за планот е дека треба да ги имаш парите, системот не работи на правење нешто од ништо. А ако веќе ги имаш, Британија логистички, правно и чисто заради личен мерак, веројатно е најдобрата опција за перење на твоите пари.

Хармони ОС, замената на Хуавеи за Андроид

Бекап планот на Хуавеи за Андроид, во случај на вечен бојкот од САД, се вика ХармониОС, и според нив е побрз и побезбеден од Андроид, и за сега намерата е да се користи за ИОТ производи (паметни телевизори, автомобили, звучници и сл...) а не во смартфони.

Господар на прстените на Амазон башка од Господар на прстените на Питер Џексон

Ликовите и локациите од книгата на Толкин ќе може да бидат дел од серијата на Амазон, меѓутоа приказната нема да смее ни ишарет да пушти кон она што се случуваше во трилогијата филмови.

Само запекот ќе ја спаси планетава

Запрашан околу тоа како планира да го комбинира земјоделскиот развој на земјата и заштита на околината, бразилскиот претседател порача дека луѓето треба секој втор ден да одат по голема нужда ако сакаат да ја спасат планетата.

Што и да е, само немој да го викате проширување на ЕУ

Проширувањето станува политика која повеќе нема да се споменува, барем не на средби со граѓани и во парламентите на Западна Европа, пишува заменик директорката на Европскиот совет за надворешни работи, Весела Чернева.

Погрешно разбраниот милијардер другар на Трамп

Човекот кој парите меѓу другото ги прави и од не-Трамп публика (фитнес и слично), го дознаа дека сакал да организира вечера за собирање донации за Трамп. Сега истиов се вади со алиби - не е така како што изгледа.

Што е постаро, старецот или изводот?

Нова студија разгледува што е заедничко за луѓето што го држеле рекордот за (или биле околу) најстар човек на планетата. Открива дека магичната состојка не е ни здрав живот, ни мир, ни жени, ни пари, ни среќа, ни што и да е мантрата што некој сака да ви ја продаде, туку - лоша евиденција на книгите за родени.

Грција ја укина забраната за полиција на универзитетските кампуси

За време на студентскиот бунт против грчката воена хунта од 1973-та, командант на грчката армија наредува упаѓање на тенкови во кампусот на атинскиот Политехнички универзитет. Загинуваат 23-студенти. Заради ова повеќе од 40 години во Грција на сите безбедносни структури им беше забранет пристап во универзитетските кампуси во земјата. До пред некој ден.

Пелети, не баш еколошко решение за сè

Субвенциите на ЕУ за користење пелети за добивање струја се дадени на Општиот суд на ЕУ по основа дека оваа мерка не го намалува туку го зголемува емитувањето на штетни гасови и ги оштетува шумите. Зад тужбата стои група истражувачи, активисти и земјопоседници кои бараат ЕУ да не може да дава субвенции за горење шуми (основната суровина за пелети).

Додека тие се чудиш како ТикТок успеа да се прослави

Пред повеќе од една година кинеската апликација Музика.ли беше повторно лансирана под новото име - ТикТок. Од тогаш новата апликација стана сериозна закана за американските социјални мрежи, во добар дел и затоа што само во САД троши по 3 милиони долари на маркетинг на ден.

Северна Кореја се наполни пари од хакирање по свет

Хакирањето странски финансиски институции и компании е претворено во доходовна гранка за севернокорејскиот буџет, поточно за неговата воена програма, покажуваат тајни документи на О.Н. што ги објавува Ројтерс.

Излезе првиот потрошувачки производ од забранетата зона во Чернобил

Продуктот е вотка и ако сакате да збориме за брендирање, вотката од Чернобил се вика - Атомик.

Купувајте хуавејски производи

Не може САД да го бојкотира Хуавеи, колку што Кинези по патриотска основа можат да почнат да купуваат Хуавеи.

Шпанија на раб од гастрономска граѓанска војна

Како што горештините тлеат, а летото не минува, во Шпанија на површина почнуваат да излегуваат некои од најдлабоките линии на поделба на нацијата - краставица во гаспачо, да или не?

Иран има халал „да пукне“

По ирански закон машко и женско кои не се во сродство / брак не смеат да имаат никаков физички контакт, а ирански закон важи дури и да си репрезентативка на турнир во Хрватска.

Слушнавте ли за тоа дивите свињи?

Во целата онаа пост-масакр дебата што воскреснува секој пат кога некој од чиста мира ќе покоси над 20 Американци, еден твит го направи најдобриот пресврт што до сега се случил и успеа од шини да го измести целиот муабет: а јас со што треба да се бранам ако ме нападнат 30 до 50 диви свињи?

Го викале бешиката

Британец бил примен во болница за да му прават операција на бешиката, а завршил со обрежување на пенисот, тадаааам.

Германецот е напнат што му е спор интернетот

Бидејќи никој не сака да се случи масовно напнување на Германците, и покрај тоа што просекот на државно ниво им е околу 75 мегабити, се работи на воведување гигабитен интернет во целата земја.

Бескорисен како екстензија за Гугл Хром

Во Хром веб-стор моментално има 188.620 екстензии кои во теорија би можеле да завршат речиси секоја работа во Гугл Хром. Во пракса речиси никој не ги користи за тие да можат да завршат што било.

Нил Деграс Тајсон најде погрешен момент за да се прави паметен на права тема

Во САД за помалку од 24 часа во две масовни убиства, Дејтон и Ел Пасо, загинаа 34 лица, што треба да е доволен повод за секој разумен човек, пример Нил Деграс Тајсон, малку да поќути и да сочувствува. Овој пат, не беше така.

Нит се бањаме, нит смрдиме

Ги има такви и по 15 години што не влегле под туш или во када и тврдат дека мирисот постои само првите неколку месеци. Така што, кога сте до нив на каса или во автобус, само трпение.