Пијалакот е направен по стандарден рецепт, житарки и вода, само што состојките се со географско потекло - Чернобил. Тимот што ја прави вотката е составен од научници кои со години работат или работеле во забранетата зона и истражуваат како целиот регион закрепнал по нуклеарната катастрофа. Исто така тие сами ги одгледуваат житарките во забранетата зона.
„Ова не е ништо повеќе радиоактивно од која било друга вотка.
Секој хемичар ќе ги каже, кога дестилираш нешто, нечистотиите остануваат во отпадот од дестилацијата.
Па, ние земавме 'рж кој е малку контаминиран и вода од почвата во Чернобил и ги дестилиравме.
Од нашите пријатели во Саутхемптон Универзитетот, кои имаат неверојатна радио-аналитичка лабораторија, побаравме да проверат дали ќе откријат каква било радиоактивност.
Тие не можеа да најдат ништо, сè беше под границата за детекција,“ изјавува професорот Смит од Универзитетот во Портсмут, кој е дел од тимот што прави вотка во Чернобил.
За сега производството оди полека, и во времето кога разговараат со Би-би-си имаат само едно шише Атомик вотка. Планот е до крајот на годината да наполнат 500 шишиња.