„Во тек е тивка но фундаментална промена на политиката на ЕУ кон Западниот Балкан. Како што завршува мандатот на сегашната Европска комисија, изгледа дека истото ќе ги снајде и сите планови за проширување на Унијата,“ проценува Ценева.
Тоа што тврди Ценева се базира на (за Западен Балкан) поразувачки податоци, според кои само во Грција мнозинството народ смета дека во следната деценија сите држави од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ.
Посебно страшно е дека во Германија, Австрија, Франција, Холандија и Данска, мноштвото граѓани смета дека ниту една држава од Западен Балкан не треба да биде примена во ЕУ.
Пред некое време еден германски пратеник ова го објасни во пракса:
„Заради стравот од странска имиграција, моите гласачи ќе забележат - и ќе осудат - одлука за отворање преговори со Македонија за приклучување. Иако тоа е само мал чекор, и далеку од вистинско приклучување тоа во овој момент ќе се перципира критично од јавноста.“
Дел од објаснувањето на ваквиот страв според Ценева е и во проблемите на самата ЕУ. Маките што ги имаше со трансформацијата на Романија и Бугарија во земји членки, проблемите што ги има со ставање во ред на Полска и Унгарија, „и недостатокот на контрола што другите земји членки и ЕУ институции ги имаат врз овие држави“.
„Најважно, европските стравови за издржливоста на ЕУ - каде мнозинството граѓани веруваат дека постои реална шанса ЕУ да се распадне во следните 20 години - наведуваат во правец на засилување на односите меѓу земјите членки, наместо зголемување на нивниот број.
Со други зборови, француската позиција за кочење на проширувањето има многу помалку врска со самиот Западен Балкан отколку со желбата на претседателот Емануел Макрон да го приоретизира квалитетот на интеграцијата во Унијата,“ пишува Ценева.