Во филмот на Универзал, либерални елити со огнено оружје ловат и убиваат „бедници“ како спорт (во оригинал се користи зборот „deplorables“ што Хилари го употреби за да ги опише симпатизерите на Трамп).
По двојниот масакар (Дејтон и Ел Пасо), и еден осудувачки твит од Трамп, Универзал студио прво го прекина маркетингот на филмот, а потоа и пушти соопштение дека комплетно се откажува неговата премиера.
Продуцентската куќа зад филмот е Блумхаус, од кои доаѓаат хорори од типот „The Purge“ и „Get Out“.
Филмот требаше да почне да се емитува на 27 септември, од Универзал не објавуваат дали премиерата ќе се презакаже за друг ден или воопшто нема да се случи.
Инаку, ловиштето во филмот е сместено во Хрватска