И тоа не е во прашање некое зафрлено место што не знае дали е 19-ти или 20-ти век, дали моментално е под власт на Пакистан или Авганистан, туку за локации кои редовно се наведуваат како место на раѓање / живеење на најстарите луѓе на светот, како Окинава или Сицилија.
Студијата што ја спроведуваат од Австралискиот национален универзитет ја проверува состојбата на официјалните книги на родени, вс. бројот на супер-стогодишници (луѓе што наполниле 110 години).
На пример во САД официјалното водење на книгите на родени почнува пред еден век, меѓутоа не сите сојузни држави го воведуваат истовремено.
Така студијата открива дека во моментот кога една сојузна држава почнала официјално да води книга на родени, во нејзе драстично паѓа бројот на луѓе што наполниле 110 години. Драстично = пад од 69 до 82 проценти.
„Тоа покажува дека од секои 10 наводни супер-стогодишници, седум или осум всушност биле помлади од тоа, ама не сме знаеле заради лошата евиденција,“ пишува Келси Пајпер во Вокс.
Сето тоа не секогаш значи дека старите лажат, туку е поверојатно дека згрешиле во броењето или им кажале погрешна година на раѓање.
Нус-последица на ова е што најголемиот број на студии спроведени на супер-стогодишници, со цел да се откријат нивните тајни на долговечност најверојатно се погрешни.
Она што е заедничко за Окинава и Сицилија е што и двете се наоѓаат во земји кои одамна имаат воведено евиденција на книга родени, а двете се во локации или со висока стапка на криминал и/или со низок животен век. Разликата меѓу бројот на пријавени супер-стогодишници и горните два фактори, истражувачите ја објаснуваат како резултат на грешка, намерна или не. Според нив, грешката може да е на човекот што ја водел книгата, или на желбата на некои од супер-стогодишниците своевремено побрзо да добијат пензија, па да лажат за својата возраст, или некој да се претставува како својот починат родител, за да продолжи да ја зема неговата пензија.
Заклучокот на научниците е дека вонредно стара популација е индикатор на грешка или измама, што на пример не важи за здрава популација од 80-годишници со пристап до добра здравствена заштита.