Од Хуавеи објаснуваат дека во моментот кога ќе им биде укинат пристапот до Гугл Андроид екосистемот, компанијата ќе може веднаш да го имплементира Хармони оперативниот систем, а до тогаш ќе продолжат да го користат Андроид.
Во претежно техничката презентација на оперативниот систем, Хармони е опишан како „микрокернел-базиран, дистрибуиран оперативен систем за сите сценарија“. По оваа основа Хармони повеќе е конкуренција на Гугл Фјуша, наследникот на Андроид, а тоа што се „микрокернел-базирани“ значи дека можат истовремено да бидат користени на повеќе уреди.
Според презентацијата, на Хармони се работи од 2017, а верзијата што беше претставена на Хуавеи конференцијата ќе биде испорачана со Хуавеи паметни уреди кон крајот на годината.
Низ целата презентација на новиот оперативен систем никаде не бил споменат зборот „смартфони“.