Вести

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Речник

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Украина: Губиме а остануваме без муниција

Гардијан ги пренесува песимистичките оценки и проценки на вториот човек на украинското воено разузнавање. Артилериските битки на фронтовите ќе ја одредат судбината на териториите зафатени со судири а таму ситуацијата е 1 спрема 15 во корист на Русија.

Ембаргото на гас ќе ја уништи целата европска економија

Ние сакаме да го финансираме мирот а не војната, порача унгарскиот премиер за одлуката да не праќа оружје за Украина. Но вели дека моќни бизнис центри имаат поинаков интерес: војната да продолжи бидејќи тие од неа профитираат. Не е тешко да се погоди на кого мисли Виктор Орбан.

Зошто Германија е толку бавна во испораката на оружје за Украина?

Половина од Германците и сите држави сојузници веруваат дека германскиот канцелар може да направи многу повеќе за да и помогне на Украина. Прашањето на Шпигел е „тогаш зошто не прави?“

Нема добро сценарио околу извозот на украинско жито

Во еден редок пример на добри вести во изминативе месеци беше прифатен турскиот план и понуда да го придружува бродскиот транспорт на украинско жито до остатокот од светот. Затоа што нема зошто да се очекува среќа периодов, излезе дека ќе требаат најмалку 6 месеци да се расчистат сите морски мини поставени во Црното море.

Ќе дочекаме ли ист полнач за сите уреди?

Епл се буни за воведување стандардизиран полнач за различни уреди бидејќи таа ставка им носи вагон пари, но ЕУ се чини дека е решена да воведе таква регулатива која би опфатила 15 видови уреди. Денес секој човек во Европа во просек има по три кабли и електронскиот отпад станува сериозен проблем.  

ЕУ предадена од своите

Европски компании за бродски транспорт се предводници во „подбивање“ со европските санкции против Русија, успевајќи да ги дуплираат своите пратки со руска нафта од почетокот на инвазијата на Украина.

Вашингтон пост суспендираше новинар заради ретвит на виц

„Секоја девојка е ’би’. Само треба да откриеш дали тоа е ’поларна’ или ’сексуална’“ е твитот што беше доволно неподнослив за Вашингтон пост, за новинарот Дејвид Вајгел, со 8-годишен стаж во весникот, да биде суспендиран заради него.

Брак ко брак, монотонија

Во развод кој ја добил етикетата „Маги разводот“ Индиец се разделува од својата сопруга затоа што за појадок, ручек, вечера, секој божји ден, му готвела инстант нудли. (Ете зошто Маги).

По ѓаволите (алтернативно: до курца) со „Месецот на гордоста“

Прајдот е станат помпезен, гротескен и нетолерантен, пишува еден англиски сценарист кој е геј но не би да драматизира околу тоа. Знамето кое нон стоп се апдејтира, кратенката која постојано добива нови букви, изливи на солидарност од сите страни, сето тоа прави јуни да стане еден од потешките месеци за поднесување, пишува тој. 

Кина го претера со спасувањето на планетава

Со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.

Клучот за масовните убијци е во самоубијците

Детално проучувајќи биографии на 180 лица кои извршиле масовни пукања и убиства уште од 1966 година, истражувачи дошле до фрапантни сличности меѓу тие луѓе, сознание за кое сметаат дека може да помогне да се заузда овој автохтон американски проблем. Само кога политичарите би слушале.

Деца се предозираат со мелатонин

Бројот на американски деца кои се предозирале со мелатонин, хормонот кој помага во заспивање, отишол во небеса последнава деценија. Преку 500% раст имаат вакви случаи во изминатиот период. Нас како нација ова не нè засега. Ние сме на дијазепам.

Питер Тил, новото десничарско страшило

Пред изборите за Конгрес во ноември, кај републиканските кандидати и понатаму најпосакуваниот политички благослов е од Доналд Трамп. Финансискиот е од Питер Тил, еден од основачите на Пејпал и сопственик на Палантир, меѓу другото.

Што прво ќе натежне: смаченост од санкции или смаченост од Путин?

Ако Западот не најде начин да ја залечи економската болка низ која минува, единството околу санкциите полека ќе го снема.

ЕУ ги иззема корпоративните авиони од зелен данок

Службените авиони на корпорациите нема да бидат предмет на оданочување според предложените  мерки за зелена такса на авионското гориво. Предлагач е владата на ЕУ, Европската комисија. Што би се рекло на народен јазик: врана на врана очи не копа.

Дали Русија победи во војната на односи со јавност?

Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.

Грците прават бизнис - по грчки

Грчки бродски компании прават огромни профити маскирајќи го транспортот на руска нафта. Или префрлаат товар од брод на брод или одат директно до руските пристаништа и сето тоа не се смета за кршење на западните санкции.

Прерано е да му одбројувате на Ши

Комбинација од „елити“, „реформатори“, „гневни претприемачи“ плус премиерот Ли Кечијанг е наводниот состав на опозицијата со која се соочува кинескиот претседател и која му ја крои пензијата по гласањето за нов мандат закажано за есенва.

Канада почна да плаќа отштета за инвалидитет од примени ковид вакцини

Рос Вијтман е 40-годишен поранешен пилот на кого канадската влада му признава дека останал инвалид по примањето на АстраЗенека вакцината против ковид-19.

Гумите трујат повеќе отколку ауспусите

Кога мислиме на загадување од автомобили, обично мислиме на она што излегува од нивните ауспуси. Гледаме на погрешно место, особено во последно време. Ауспусите на новите коли се толку чисти, што, да се почнува сега, тоа не би се ни регулирало. Ама затоа гумите прават партал. Пар-тал!

CNN ќе олабави со „Breaking News“

Новиот шеф на CNN пишал допис до вработените во куќата да намалат со бомбастичната најава за „Брејкинг њус“ која со години инфлаторно ја користат и веќе има изгубено секаква смисла. Инаку, по падот на нивниот архи-непријател Доналд Трамп, рејтинзите на CNN се жив резил.

Кинези го купуваат Форбс, сенатори во паника

Кинеска корпорација за која се тврди дека е директно поврзана со Комунистичката партија на Кина и тамошниот воен комплекс изрази намера да го купи фамозниот Форбс. Американски сенатори на ова го гледаат како на закана за американската национална безбедност.  

Невкусната вистина за Украина

Авторот на Хил ја почнува својата колумна со цитат од Шерлок Холмс кој во една ситуација порачува „Кога ќе го елиминираш невозможното, тоа што ќе остане, без разлика колку неверојатно, мора да е вистината.“

Тестостеронот нема обѕир за фер-плеј

Неколку доктори за Њујорк тајмс потврдуваат дека трансродовата пливачка Лиа Томас има нефер предност пред остатокот од женските пливачки, без разлика дали била на терапија за потиснување на тестостерон или не.