Виктор Орбан

Ембаргото на гас ќе ја уништи целата европска економија

Ние сакаме да го финансираме мирот а не војната, порача унгарскиот премиер за одлуката да не праќа оружје за Украина. Но вели дека моќни бизнис центри имаат поинаков интерес: војната да продолжи бидејќи тие од неа профитираат. Не е тешко да се погоди на кого мисли Виктор Орбан.

„Станува очигледно дека постојат бизнис центри кои имаат интерес од оваа војна. Нив ги симболизира Џорџ Сорос. Тој отворено зборуваше за продолжување на војната. Тоа се хушкачи кои ќе кешираат од војната додека Европа се самоуништува“, изјави унгарскиот премиер.

На самитот во Давос минатиот месец, Сорос рече дека руската воена офанзива во Украина „може да биде почеток на Трета светска војна која нашата цивилизација можеби нема да ја преживее.“ Според него, „најдобар и веројатно единствен начин да се сочува цивилизацијата е да се порази Путин што е можно побрзо.“

Орбан сепак призна дека Украина има право да се брани и дека една држава има суверена надлежност да донесе таква одлука без разлика колкави ѝ се шансите во судирот.

Орбан проценува дека ембаргото на рускиот гас ќе ја уништи европската економија бидејќи сè додека на сила е политиката на воени санкции, инфлацијата ќе расте. Порачува дека најефикасен начин да се сопре инфлацијата е да се стави крај на војната и да се постигне мир.

Тој вели дека Унгарија нема да биде вовлечена во војна но дека нема да може да не ги почувствува последиците од неа бидејќи земјата сама не може да ја заузда глобалната инфлација. Орбан проценува дека и 2023 ќе биде анксиозна и нестабилна година.

ЕУ го осуди Орбан заради дискриминаторната одлука автомобилите со странски регистрации да плаќаат поскап бензин. Тој одговара, ова се вонредни времиња кои бараат вонредни мерки.

Детали од новот предлог буџет на Унгарија ќе бидат познати деновиве но премиерот порача дека државата ќе ја заштити вредноста на пензиите, државната помош на семејствата и лимитот на сметките за домаќинство. По тие мерки, освен домаќинствата, и околу 100.000 мали унгарски бизниси и натаму ќе плаќаат енергенти по субвенционирани тарифи.

*********

п.с. А и помладиот Сорос не е неактивен:

11 јуни 2022 - 11:39