Корпорациските авиони ќе го избегнат оданочувањето на горивата кои се користат во авијацијата.
Европската комисија планира да постави минимална даночна стапка на ниво на ЕУ за горива за воздухопловство, обидувајќи се да ги исполни поамбициозните цели во борбата против климатските промени.
Нацртот на новиот предлог е фокусиран на авијацијата, која користи неоданочено гориво. Од 2023 година, минималната стапка ќе стартува од нула за во 10 годишен период да го исполни максималниот износ кој во моментов не е утврден.
Од ова ќе бидат изземени карго-авионите и авионите на извршните директори кои се користат во службени цели или како што се нарекуваат „летови за уживање“ или „бизнис авијација“.
Деловната авијација во Европа веќе се искачи над нивоата од 2019 година, дури и во услови на сè уште постоечки рестрикции за патувања.
Приватните џетови на компаниите учествуваат со речиси 19% од целото воздухопловство додека уделот на карго-сообраќајот изнесува само 4,7 проценти од сите летови.
*********
Види и: