На Тил, и неговата донација од околу 10 милиони долари, му се припишува победата на ЈД Ванс на републиканските партиски избори во Охајо. Тил има кандидат изборите во Аризона, каде со 13,5 милиони долари тој помогна да се избере неговиот поранешен вработен, Блејк Мастерс.
И двата кандидати за меѓуизборите 2022, за кои Тил дава пари, се блиски, речиси порамнети, со агендата на Трамп. Процената е дека Тил до сега има донирано уште 25 милиони долари на 15 други кандидати за меѓуизборите 2022, кои главно се согласни со тврдењето на Трамп дека претседателските избори 2020 биле наместени.
За разлика од сегашната активност, Тил на изборите 2020 немаше ниту една донација.
„Обично кога зборуваш за партиски мега донатори, тоа се луѓе што се активни со децении, па затоа Питер Тил изгледа поинаку. Тој е претприемач, тој е во технолошката индустрија, супер успешен, го сметаат за дел од младата конзервативна авангарда која за некои е полибертаријанска.
Тие може да се поддржувачи на Трамп, меѓутоа нивното портфолио и персона ја избледува оваа конекција,“ изјавува Шила Крумхолз од Опенсикретс.
За Гардијан Тил наликува на Маск (исто така ко-основач на Пејпал) по тоа што и двајцата претставуваат „контрадикторна слика“.
Како студент Тил го основа конзервативниот Станфорд ривју, а во 1995-та е ко-автор на „Митот за диверзитетот“ книга која го преиспитува влијанието на мултикултуризмот и „политичката коректност“ врз универзитетските кампуси во Калифорнија.
„Во Силициумската долина, Тил се истакнува од другите по тоа што има стекнато интелектуален интензитет на книжен студент, квалитет што го прави него предмет на интерес, почит и исмејување.
Тој се истакнува, и покрај ортодоксноста на општествениот прогресивизам на технолошкиот свет, во иста мерка и за неговиот конзерватизам и за неговото бизнис чувство,“ пишува Њујорк бук ривју во текстот за Тил.
Во 2003 тој го ко-основа Палантир, компанија која им помага на американските разузнавачки агенции во дигитално шпионирање. Минатата недела Палантир објави партнерство во кое ќе работи на следење на емисиите на јаглерод-двооксид од нафта, гас, метал и концентрати.
Вон сите бизнис активности (еден од првите инвеститори во Фејсбук) Тил станува познат во јавноста како главен финансиер на тужбата на Хулк Хоган против порталот Гавкер, по кој Гавкер банкротираше и затвори. Гавкер во 2007 беше првиот медиум што објави дека Тиел е геј.
Кога Маск реши да го купува Твитер, конгресменката Алесандра Оказио Кортез го обвини дека тоа го прави по наговор („еднаш ќе седнеш на вечера со...“) токму на Питер Тил и водителот на Фокс, Такер Карлсон.
„Технолошката индустрија е најнапредна и се најде себе си во престрелката меѓу партиите. Има многу конфликтен притисок врз и од технолошката индустрија. Таа е жртвувана од некои и е обвинета за најголем дел од дезинформациите, претерувањата на социјалните мрежи, партиската поделба и радикализацијата што ја гледаме,“ порачува Крумхолз.