Уште од Перл Харбор - кој во американската свест експлодираше со шокантна ненадејност и беше јасен случај на добро против лошо - немало војна која така инстантно создаде речиси едногласна јавна поддршка како онаа по одлуката на рускиот претседател да ја почне бруталната војна во Украина.
Во март јавната поддршка за голема улога на САД во Украина се движеше околу 65%, за последната анкета на АП-НОРЦ од 16 мај таа да падне на 45%. Слично, начинот на кој Бајден „ги ракува американските односи со Русија“ сега има 45% одобрување и 51% неодобрување.
Во исто време, Њујорк тајмс, претходно силен поборник за „победа“ во Украина и строга „казна“ за Русија, сега покажува растечка скептичност околу целта на САД во војната. Редакцијата на Тајмс на 19 мај прогласи дека украинското враќање на цела територија освоена од Русија од 2014 година „не е реална цел... Русија останува премногу силна.“ Бајден треба јасно да каже дека има „граници на оружјето, парите и политичката поддршка што Украина може да ја очекува“ тврди Тајмс. Засилување на ова гледиште дојде од говорот на Хенри Кисинџер кој минатата недела виртуелно го одржа на Светскиот економски форум во Давос, кога повика на примирје и враќање на претходното статус кво. Продолжувањето на овој опасен конфликт, како што објасни Кисинџер, создава ризик тој да се претвори од „војна за слобода на Украина во војна против Русија“.
Истовремено, досега шкртото и универзално негативно известување за намерите на Путин почна да се мофрира во освестувачка перцепција дека стратегијата на рускиот лидер за освојување на копнен мост кон Крим и враќање на железната контрола што ја имаше врз украинската економија, преку целосна контрола на црноморскиот брег, не е така некадарна како што претходно се мислеше.
Друг елемент на конвенционалната мудрост што сега се распаѓа е идејата за осакатувачките санкции наметнати од САД и ЕУ кои наскоро на колена ќе ја соборат руската економија. Наместо тоа, сега има докази дека спротивното се случува, и дека санкциите повеќе им наштетуваат на западните економии отколку на руската. Далеку од крахот на рубљата што Бајден го предвидуваше, руската валута сега е на највисокото ниво во последните 2 години а рускиот извоз на енергенси и земјоделски производи носат рекордно високи приходи, главно затоа што Европа и најголемиот дел од остатокот од светот не можат да живеат без нив.
Поврзан со овие феномени е чистата нереалноста на темелниот мит на војната - имено дека САД го собрале најголемиот дел од светот против речиси тотално изолираната Русија. Во реалноста, од 195 држави во светот само 65 се согласиле да се приклучат кон американските санкции - што значи дека 130 одбиле, вклучително Кина, Индија, Бразил, Мексико, најголемиот дел од Азија, Африка и Латинска Америка. Држави кои заедно претставуваат огромно мнозинство од светската популација.
Треба да се има предвид и дека државите кои моментално се под американски санкции исто така претставуваат моќен блок кој силно се спротивставува на тоа што тие го сметаат за американско економско насилство. Очигледен пример за отфрлање на американските претпоставки за доминација беше неодамнешниот состанок на водечките финансиски нации - Г20 самитот - кога американската делегација го напушти говорот на рускиот делегат, и беа следени од само три од останатите 19 делегации. Сето ова на кој било објективен набљудувач му кажува дека Русија не е најизолираната суперсила на светот, туку тоа можеби е токму САД.
До неодамна муабетите за победа или потенцијално симнување на Путин од власта или тоа дека Украинците сами треба да одлучат за исходот од војната, беа чест говор низ Западот. Сега, САД, и неговите сојузници изгледа како да заземаат друг став, борејќи се да најдат прифатлив пат кон компромис кој ќе стави крај на војната.
Како што речиси сите западни нации се во различен степен на економска криза, а американската влада е на работ на масовна политичка казна од Американците кои постојано на анкети повторуваат дека најважен приоритет им е средување на економијата и враќање на американскиот сон, така светот се менува на неочекувани и апсолутни начини.