Меѓутоа, оваа тврдење не е уверливо бидејќи игнорира колку многу Ши го има извитоперено кинескиот еднопартиски систем во своја корист. Фракционерството функционира кога спротивставените страни имаат отприлика еднаква моќ.
На ум доаѓаат Денг Ксиаопинг и неговите колеги од 1980-те, или хаотичното предавање на власта од Џијанг Цемин на Ху Џинтао. Во случајот со Ши бледи се доказите дека партиските гиганти се противат или барем се обидуваат да ги преиспитаат неговите одлуки. Тоа е затоа што Ши секогаш имал план.
Од 2012 тој почна да ја врамува историјата на партијата во три ери: Мао, Денг и Новата ера на Ши која тој официјално ја канонизираше во 2017 со тоа што своите идеолошки мисли ги вгради во партискиот Устав. Новите ставови во партискиот поглед на историјата минатата година ја нагласија неспорноста на неговиот супремитет. Последниот апгрејд од годинава го скрати неговиот идеолошки концепт од 12 зборови на „Мислата на Ши Џинпинг“ и му обезбеди други уникатни признанија со кои само Мао му станува рамен.
Потрагата на Ши по идеолошко величење е многу повеќе отколку теоретски почести. Тие го издигнуваат него над потенцијалните ривали со тоа што неговите зборови и дела стануваат партиската „линија“. Нивното критикување затоа е напад на партијата, ризик што малкумина кадри би го преземале. Овој принцип беше видлив минатиот месец кога највисокото партиско тело за носење одлуки едногласно ја поддржа нула ковид политиката и покрај очигледната вознемиреност заради хаосот во Шангај.
Славењето на „трите ери“ на Ши ги брише Џијанг и Ху од партиската историја, правејќи ги политички артефакти. Минатогодишната резолуција оди уште подалеку, дозволувајќи Ши да ја опише својата „мисла“ како рамноправна со таа на Мао додека истовремено девалвирајќи ја таа на Денг. На кратко, идеологијата се уште е важна во ленинистичка Кина, и Ши ја има впреганто за да не може да биде нападнат.
Фракциските ставови го опишуваат Ши како еднодимензионален статистичар и идеолог кој сака да ја репризира Културната револуција на Мао. Па, кога Ли (премиерот) проповеда олеснувања за индустриите кои претходно беа на нишанот на владата, тој го предизвикува Ши, со тоа што не го игра лојалниот тактички командант на економијата.
Секако, задушувањето на дебатата од страна на Ши и затворените кинески граници го прават редок секој увид во ситуацијата. Меѓутоа тврдењата дека Ши и неговите противници се врзани во борба како онаа меѓу Мао и Лиу Шаоќи, и Денг во 1960-те, не се кредибилни. За време на вистинските кризи, како случувањата пред Тиенанмен во 1989, обично монолитните државни медиуми објавуваат спротивставени гледишта, пренесувајќи ги позициите на лидерството. Тие дури и на кратко го избришаа Џијан од официјалната слика пред тој да ја предаде и последната своја титула во 2004. Сега нема такви индикатори.
Кариерата на Џијанг го дава и крајното предупредување за прераното кладење на заминување на Ши. Противниците на Џијанг се надеваа дека објавувањето на „тајните документи“ ќе го пензионира, но наместо тоа покажаа дека страната што губи често пати се вклучува во дубиозни протекувања информации на странци кога внатрепартискиот судир е голем. Нивната кампања започна со Документите од Тиенанмен, наводно тајните документи кои го претставија именувањето на Џијанг за генерален секретар за неуставно. Потоа следуваше „Новиот кинески владетел: Тајните документи“ кои цитираа „доверливи извештаи“ од извори од партијата како увид во новото раководство без Џијанг кои беа погрешни во речиси секој детал.
Џијанг уште речиси цела деценија го задржа своето влијание, меѓутоа на крајот откри дека нема да може да владее од зад сцената. Ши е решен да ја избегне оваа грешка со помош на идеолошкото крунисување, анти-корупциската кампања насочена кон непријателите и уништување на партиските процедури за да остане на власт, можеби за цел живот.
Контролата што ја има Ши е силна и тој спроведува трансформациска агенда, дури и ако не е по меракот на Западот. Владите мора директно да работат со него и неговите политики за да креираат најдобар одговор. Администрацијата на Бајден вели дека техно-автократијата на Ши, покажувањето воени мускули и обидот за изменување на меѓународниот поредок базиран на правила, бараат итно внимание. Меѓутоа таа итност е предадена од едностраната политика која одбива директен контакт со Кина на Ши, што покажува надеж дека него едноставно ќе го снема.
Кристофер Џонсон (поранешен висок аналитичар на ЦИА за Кина),
Фајненшл Тајмс