
Грчките бродски компании муваат со нафта за да го прикријат транспортот на руска нафта, пишува Бизнис инсајдер.
Лондонски Сандеј тајмс открива дека главните зделки се прават во руското пристаниште Кавказ, каде што руски бродови ја истовараат нафтата на други бродови а грчките пристаништа станале хот-спотови, при што трансферите во пристаништето Каламата се зголемиле за 20 отсто за само еден месец.
Сандеј тајмс наведува пример на брод со руско знаме, Владимир Мономах, кој влегол во пристаништето Кавказ на 1 март, каде истоварил 25.000 тони на грчки брод под малтешко знаме, на тој начин маскирајќи го потеклото на нафтата.
Најголеми профити прави извесна компанија Минерва, во сопственост на Грк a бродовите во сопственот на грчкиот милијардер Георге Економу само во април пренеле 1,9 милиони тони нафта, директно од руските пристаништа.
По руската инвазија на Украина цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 14 години. Се проценува дека од извоз на нафта, Москва заработува 800 милиони долари дневно.
Неодамна Европската унија постигна договор за забрана на морски транспорт на руска нафта до крајот на оваа година, но нафтоводите не се вклучените во мерките.