Вести

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Речник

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Откако Трамп лани му даде задача да ги скрати непотребните владини трошоци, а потоа го откачи, Илон Маск се враќа на служба во владата, овој пат како шеф на проектот за трасирање на иднината на војувањето. Хегсет, во меѓувреме, ќе настојува да ги построи војниците и да направи чистка меѓу генералите според принципот „помалку кловнови – повеќе каубојци“.

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Кога ќе се исцрпат украинските човечки ресурси, европските мажи и европската територија може да станат следниот потрошен ресурс на САД во војната против Русија преку посредници, пишува Томас Фази. Предупредува дека оваа војна лесно може да прерасне и во нуклеарна престрелка на европска почва, при што Американците нема да трпат директни последици.

Соларни панели десет метри под морето

Во агресивната енергетска трансформација, Кина постави сончеви колектори насекаде – поплочи цели градови, ги крена над автопати и ги нареди на пловечки платформи крај брегот. Сега успеа да произведе енергија и од сончеви колектори потопени под вода, со револуционерна технологија која на тестирањето дала резултати блиски до теоретскиот максимум на ефикасност.

Талибанците го вратија шеријатскиот закон во Авганистан

Врховниот лидер на Авганистан нареди во цела земја да почне целосно и доследно да се спроведува шеријатскиот закон. Тоа значи сечење раце, каменување, камшикување, јавни егзекуции... Американците кои таму кмишеа 20 години со куп пари и оружје, јака работа завршија околу „јакнење на капацитетите на демократските институции“.

Дилемата на невакцинираните

„Ние нема да заборавиме. Тие ја славеа нашата смрт, тие играа на нашите гробови,“ порачува никој друг туку Роберт Малоун, научникот кој иако се смета за изумител на мРНК вакцините на кои се темелат повеќето вакцини против ковид, беше доволно доблесен да ѝ каже не на пандемиската хистерија која заликуваше на атмосферата од наци Германија. Што, не се сеќавате?

Тим Робинс: Многу се насанкавме во тоа пандемијата

Оскаровецот своевремено беше правоверец во официјалните наративи во врска со пандемијата, но сфаќа колкава непоправлива штета ни донесе тој период. Окорели либерали денес не можеш да препознаеш, твитер нацијата шиканира секого кој ќе помисли дека има нормални меѓу „оние другите“а на државата ѝ заарни да ги регулира животите на луѓето.

Убави пари од ковид-тестови, убаво се трошат

Жил Мартин, основачот на компанијата за лабораториски тестови Еурофинс која се збрлави од пари за време на пандемијата, и неговиот брат купиле 4 куќи на „Полуостровот на милијардерите“ на француската Ривиера за топтан цена од 130 милиони евра.

Г20 ќе остане без слика за табло

Без разлика што Путин остана по дома, присуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на самитот во Индонезија, е доволно за светските лидери да одбијат „семејна“ фотографија од годинешниот самит на Г20.

Ајде да ни објаснат што е тоа ФТХ, најголемата крипто измама и крах за 2022

Сем Бенкман-Фрид (СБФ) е човекот кој ја основа компанијата ФТХ и објавува сопствена криптовалута (ФТТ) која откако достигна вредност од десетици милијарди долари минатата недела се покажа дека е чиста пирамидална шема и комплетно крахира.

Малер на крипто-колото

Милијардерот Сем Бенкман-Фрид, успеа за еден единствен ден да изгуби 94 проценти од своето богатство. Ај што се зави во црно и себе и своите, туку и целата онаа Демократска партија на Џо Бајден, каде што беше еден од најголемите донатори. 

Кој со јајца си игра, без јајца останува

Да го судеа по шеријатски закон, студентот кој маваше по кралот со јајца ќе останеше без раката со која фрлал. За негова среќа, остана само без ова другото.

Г2

Кога Обама станува претседател во 2009 одржан е Г2 самитот на кој треба да се редефинираат односите меѓу САД и Кина како сеопфатно партнерство со цел избегнување на „судир на цивилизациите“. И некаде на тоа и остана целиот концепт.

На Трамп сите му се криви (сосе Меланија) за резултатите од меѓуизборите

Откако во средата не се случи очекуваниот „црвен бран“ и создавање на републиканско мнозинство во Конгресот, на Доналд Трамп сите му се виновни, посебно луѓето кои го туркаа Оз за кандидат во Пенсилванија. Меѓу нив и Меланија.

Јапонија го сака далечинското од приватните климатизери

Јапонската влада има намера да си даде право далечински да гаси еркондишни на граѓани. Се разбира, како и секој друг државен упад во слободата и приватноста, и ова се прави за „виша цел“, да има струја за сите. Ќе следат ли бојлери, шпорети и вибратори кои државата ќе ги гаси на далечина, таму од некоја канцеларија во Влада? 

Пинокио без дно за Бајден

Претседателот Бајден по свои зборови е „машина за гафови“. Тоа, секако, не е оправдание, за претседателот да дава лажни и погрешни изјави, пишува проверувачот на факти за Вашингтон пост, Глен Кеслер, во својата анализа на американскиот претседател.

Британци обучувале тајна „партизанска“ армија во Украинa

Протечени документи обелоденуваат планови на британски воено-разузнавачки кругови да регрутираат и обучуваат тајна воена единица за диверзии и саботажи на Крим. Притоа сумата е фантастична: 600.000 долари годишно за обука на еден „партизан.“

Русија му испорачала полн авион евра на Иран за дроновите

Воен авион товарен со кеш во износ од 140 милиони евра и „мала пажња“ составена од три модели на запленета западна муниција за британскиот НЛАВ, и американските Џавелин и Стингер, во август пристигнале од Русија на аеродромот во Техеран.

Пожарникари мерат температурата во Сиетл

Состојбата во американските болници е напната. Сезонскиот грип, но пред сè недостатокот од персонал, прават поголеми гужви и од коронавирусот. Работата оди дотаму што од оддел за Ургентна помош во немоќ се јавиле на 911 (Пожарна), да дојдат да помагаат.

Тенеси го забрани робовладетелството

Иако робовладетелството во САД е противуставно уште од 1865-та, во некои делови на највисоките правни акти сè уште има формулации кои мирисаат на некогашната американска стварност. Граѓаните на Тенеси решија да го прочистат својот устав, иако имаа и пратеници кои гласаа против.

Готвачот на Путин призна мешање во американските избори

Бизнисменот со почесна титула „Готвачот на Путин“ и основач и сопственик на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, е првиот руски државјанин официјално обвинет од Вашингтон кој призна дека се мешал во американските избори 2016, и порача дека и понатаму ќе се меша.

А зошто сите да не плаќаат за користење на Твитер?

Паралелно со блокадата на Твитер од спонзорите, новиот газда на платформата и нему блиските дискутираат околу воведување претплата за користење на Твитер и ограничување на бројот на бесплатни твитови што кој било може да ги види.

Луѓе има, пари нема, аџанак баџанак

Откако Маск го презеде Твитер, тој бележи рекорден раст на корисници, спротивно на тврдењата на некои кругови дека ќе се случи масовен егзодус на корисници од платформата. Но, дали тоа ќе биде доволно за да се вратат и огласувачите кои беа подуплашени од гневот на кансел ордите?

ЕУ успешно не се договори да ја ограничи цената на гасот

Исходот од неколку месеци заканување дека цената на гасот ќе се одредува по желбите на ЕУ а не по желбите на глобалниот пазар е помирување на ЕУ дека „ограничувањето на цената не е најдобра алатка за запирање на енергетската криза.“

Ергенот Качински: Лош ни е наталитетот зашто жените пијат

Лидерот на полските конзервативци од партија Право и правда разгневи добар дел од тамошнта јавност со пар глупи и недоветни коментари околу наталитетот, жените, алкохолот. На пример, стариот е убеден дека жените стануваат алкоси после само две години пиење.  

Како Путин го чуваше планот за инвазија на Украина

Највисоки руски функционери, највисоки членови на руските елити, највисоки претставници на руското разузнавање речиси до последен момент се оставени да веруваат дека нема да има војна. Меѓу сите овие, освен Путин, не се и Николај Патрушев, Александар Бортников и Сергеј Шојгу, од кои само последниот не бил директор на ФСБ.

„Оревокршачката“, во маалото близу вас

Американските групите за планирање на родителството ја изгубија битката околу правото на жените на слободен избор по одлуката на Врховниот суд за абортусот. Но, жените се само половина од битката. Сега се фокусирани на другата половина, мажите, на кои им се нуди бесплатна вазектомија. 

Сепак се разговара

Американскиот национален советник за одбрана, Џејк Саливен, веќе неколку месеци има доверливи разговори со својот руски колега Николај Патрушев и други советници на Путин, на кои за сега се зборува како војната да не излезе вон Украина и како да не се почне со користење нуклеарки.