
Младите жени кои премногу пијат се делумно виновни што Полска има ниска стапка на наталитет, убеден е лидерот на владеачката полска партија.
Јарослав Качински вели дека не се залага за „многу рано мајчинство“ бидејќи на жената ѝ е потребно време да созрее пред да има деца.
„Постојат работи кои мора да се кажат, колку и да се горчливи. Ако, на пример, ситуацијата остане таква до 25-годишна возраст, девојките и младите жени да пијат исто колку нивните врсници, ќе немаме деца“, вели 73 годишниот ерген.
За крај, неговата „најјака“ проценка, дека на просечен маж му се потребни 20 години претерано пиење за да стане алкохоличар, додека на жена ѝ се доволни само две години. (?)
Стапката на раѓање во Полска е падната од 3 во 1960-та, на 1,32 во 2021 година. Тоа е ниска стапка, но повисока од некои други земји во Европа.