На почетокот од неделава, Сем Бенкман-Фрид тежеше околу 17 милијарди долари. Откако врза неколку лоши денови, неговата крипто-империја е проценета на само 1 милијарда долари.
Вртоглавиот пад на богатството се должи на неколку причини.
На пример, неговата најава дека ќе ја продава компанијата на конкурентската Бинанс.
FTX, чиј ЦЕО и основач e од 2019-та, страдашеи и од жесток пад на ликвидноста, на што се надоврзаа и разни шпекулации за нејзината состојба, што пак доведе до повлекување на 6 милијарди долари инвестициски капитал за само неколку дена.
Дилот за FTX во меѓувреме пропадна, откако извршниот на Бинанс се повика на своето дискреционо право во кое било време да се повлече.
Потоа Би-Би-Си објави дека компанијата загубила 80% од вредноста, а Блумберг сега оценува дека богатството на Бенкман-Фрид преку ноќ е стопено за неверојатни 94 проценти.
Веста за неговата пропаст не беше дочекана спокојно ниту во дел од Вашингтон, каде за претседателот Бајден и демократскиот естаблишмент ова значи губење на вториот најголем донатор, од кого повеќе пари на меѓуизборите даде само Џорџ Сорос.
А не така одамна, работите изгледаа ветувачки за бушавиот од Калифорнија. Евреинот изгледаше предодреден за светла иднина, а откако бизнисот му тргна, се дружеше со ајкули од калибарот на Бил Клинтон и Тони Блер. Се зборува и дека му нудел заем на Илон Макс кога овој почнал да размислува за купување на Твитер.
Сега ги теши муштериите дека фирмата работи на случајот и дека нивниот удел ќе биде покриен во размер 1:1.
Кон вработените се обратил со поинаков тон, дознава Ројтерс.
„Извинете,“ им рекол „јас заебав“.