Официјалната причина е дека светските лидери моментални не сакаат да ги има на иста слика со Русите, без разлика кои и да се тие, заради што организаторот го тргнал фотографирањето од програмата.
Заедничката фотографија карактеристична за секој поголем самит главно е интересна за анализирање и вадење на не секогаш точни или пак издржани заклучоци за динамиката меѓу светските лидери. Во исто време редењето за фотката е совршено за фаќање сеир на сопствениот или туѓ лидер.
Кабинетот на Путин минатата недела објави дека рускиот претседател нема да патува во Бали, а претходно неколку глобални лидери изјавија дека нема да се појават на самитот ако на него учествува и Путин.
Освен слика, се очекува дека на крајот на самитот нема да има ниту заедничка изјава.