
После средба со врховните судии во земјата, првиот човек на Авганистан нареди задолжително спроведување на шеријатскиот закон во земјата.
„Внимателно претресете ги досиејата на крадците, киднаперите и бунтовниците. Доколку во нив се исполнети шеријатските услови за „худуд“ и „кисас“, обврзани сте да постапите. Така налага шеријатот, така наредувам јас,“ соопшти Хаибатула Акундѕада.
Да подобјасниме:
* худуд се група престапи и недела (прељуба, кражба, отпадништво, пиење алкохол, киднапирање, бунт против власта...) за кои шеријатот предвидува кисас, односно ретрибутивна правда (око за око).
Кога минатото лето ја преземаа власта и контролата во Авганистан, Талибанците ја уверуваа меѓународната заедница дека новите власти нема да се потпираат на истите сурови правила на раководството кое владееше од 1996 до 2001-ва.
********
Види и:
Ветеран од Авганистан: Никој не знае зошто бевме таму
Ирски војник од Авганистан: Бајден е ретард
Воениот колапс на Авганистан почна и заврши со мито
Авганистан, гробница на експертите