Кога на 28-ми октомври, со украински дрон беше онепособен бродот „Адмирал Макаров“, гордоста на руската црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол, Москва веднаш ја обвини Британија за помагање и оркестрација на нападот, како и за разнесување на гасоводот Северен ток - најдрската индустриска саботажа во поновата историја.
Британското министерство за одбрана бурно ги демантираше обвинувањата, нарекувајќи ги „лаги од епски размери“. Сомненијата дека Британците имаат замешано прсти, сепак не се целосно неосновани.
Документите до кои стигна Грејзон циркулирале низ приватната транс-национална мрежа на Крис Донели, британски оперативец на военото разузнавање со бројни врски со функционери од највисок ранг од военото, правното и разузнавачкото милје.
Постојат и детали за потпишан договор меѓу британски воено-разузнавачки оперативци и украинската безбедносна служба за Одеса, за создавање и обука на тајна украинска партизанска/терористичка армија која ќе изведува диверзии и саботажи на Крим.
Нападите на Крим би имале за цел да ја деградираат способноста на Русија да го блокира Киев, да ја нагризат способноста на Москва за војување и да ги изолираат руските копнени и поморски сили на Крим со кинење на дотурот.
Истата воено-разузнавачка котерија стои зад планот за онеспособување на мостот Керчи, единствената копнена врска помеѓу Русија и Крим - кога бомбаш самоубиец со камион предизвика времен застој што пак испровоцира жестока ескалација на руските напади врз украинските инфраструктурни објекти.
Донели неуморно работел на подгревање на прокси војна во Украина против Русија уште откако со пучот помогнат од Запад беше срушена украинската демократски избрана влада во 2014-та. Од неговите приватни дописи се гледа дека неговата желба за ескалација само се засилила откако руската војска влезе во Украина во февруари годинава.
Во писмо до најблиските соработници, тој изразува загриженост поради тоа што американската администрација не е целосно посветена на тотална војна со Русија. За оние вашингтонски кругови кои се надеваат на договор помеѓу Украина и Русија, тој вели „Ваква американска позиција мора да биде оспорена, одлучно и веднаш.“
Според документите на Грејзон, за регрутација и обука на тајни украински „партизани“ била ангажирана приватната британска воена компанија Привеил Партнерс, за фантастична сума од 600.00 долари долари годишно „по глава на партизан“.
„Мислам дека одбрале цифра која прво им паднала на памет а потоа ја дуплирале. Партизани обично живеат меѓу локалното население. Нејасно е како со едни те исти „партизани“ мислеле да ослободуваат „област по област“, коментирал еден армиски специјалец.