23-годишниот Патрик Телвел, уапсен кога со јајца ги гаѓаше кралот Чарлс и сопругата Кралица, тврди дека додека трае случајот против него, му забраниле со себе да носи јајца кога е надвор.
Студентот на Универзитетот во Јорк, за време на приведувањето се соочил со гнев на толпата која барала да биде набиен на кол.
„Ништо од тоа не ме изненадува, знам што е фашизам и како тој изгледа,“ вели тој.
Протеинскиот напад го извел затоа што не верува во кралеви, туку во еднаквост на сите луѓе.
„Тоа беше протест против состојбата во која се наоѓа државата и нејзиното застранување во фашизам. Верувам во солидарност со сите луѓе на светот кои страдаат делумно и заради условите креирани од мојата држава.“
На младиот Талвел му е забрането да му се доближува на кралот поблиску од 500 метри, што ја прави малку чудна дополнителната забрана за носење јајца, пошто, колку ли овој дечко добацува?
Толку е самоуверен во исправноста на својот „јајцомет“, што тврди дека со него ја оспорил сржта на британскиот идентитет.