За комуникацијата меѓу двете страни одбиваат да зборуваат и Американците со образложение „луѓе тврдат многу работи“ и Русите со објаснување „англосаксонските весници објавуваат бројни измами“. Меѓутоа Вол стрит журнал објавува дека нивни извори тврдат дека двете страни се во постојан контакт.
Од весникот потсетуваат дека и покрај сите казни и притисокот за испорака на сето оружје за Украина, Белата куќа и понатаму инсистира дека одржување на некаков контакт со Москва „е императив за постигнување на одредени интереси на националната безбедност“.
Самиот Саливен во рамките на администрацијата на Бајден важи за човек кој турка за одржување на комуникацијата со Русија, без разлика на противењето и несогласувањето на други високи функционери.
Шефовите на Саливен и Патрушев, до сега се имаат еднаш видено во живо, и два пати се имаат чуено по телефон, еднаш во декември 2021 и еднаш во февруари 2022, без нешто посебно многу разбирање.
Саливен освен што ја има водечката улога во координацијата на американските политики и планови во однос на руската инвазија, тој исто така е во константен контакт и посети на украинскиот претседател, премиер и министер за одбрана. Во разговорите со украинското раководство тој ги поттикнува јавно да ја изразат својата подготвеност да го решат конфликтот, притоа повторувајќи дека САД не ја притискаат Украина да преговара со Русија, но би сакале таа да покаже дека бара решение за војната.
Во септември директни разговори имаа и министрите за одбрана на САД и Русија, Лојд Остин и Сергеј Шојгу, во време кога Москва тврдеше дека Киев се подготвува да употреби „валкана бомба“.