Куќите се на јужниот брег од Франција на стравотно ексклузивниот Сен-Жен Кап-Фера, сместен на Средоземното море меѓу Монако и Ница, кој важи за „најскапиот поштенски код“ во земјата. Негови главни жители се кралски семејства, холивудски легенди, технолошки милијардери и руски олигарси.
Набавката на четирите вили е направена во текот на 2021 и 2022, преку серија на компании контролирани од браќата Мартин.
Двајцата браќа поседуваат околу 33% од акциите на Еурофинс и речиси две третини од гласовите во компанијата. Челинџес магазинот ја проценува нивната вредност на околу 5,4 милијарди евра. Доаѓањето на браќата го оживеа пазарот на недвижнини во Кап-Фера, кој беше во криза од 2014 и анкетирањето на Крим од руска страна, по што Западот воведе санкции против голем број руски трошаџии.
Најскапа од четирите вили е „Cuccia Noya“ (на видеото) која е купена за 59 милиони евра. Втора на списокот е „Bella Luna“ за 51,8 милиони евра. Шопинг серијата на Мартин почнува „поскромно“ па прва од четирите вили „Alba“ купена на почетокот од 2021 е платена 10,5 милиони евра. Четвртата и најевтина е „Mas Fleuri“ купена кон крајот на 2021 за 9,8 милиони евра.
Сите вили, освен Алба, моментално се достапни за изнајмување.
Соседи на браќата се семејството на основачот на германски БАСФ, семејството на починатиот ко-основач на Микрософт, Пол Ален, и санкционираниот руски милијардер Александер Пономаренко.
Еурофинс е основана во Нант пред 35 години. Денес компанијата има 940 лаборатории во Европа, САД, Азија, Јужна Америка и Африка, со 61.000 вработени. За време на пандемијата компанијата успеа да влезе во францускиот ЦАЦ 40 берзантски индекс.
Откако разви брзи тестови за ковид, приходите на Еурофинс во 2021 пораснаа за 24% и изнесуваа 6,72 милијарди евра. Од овие пари 1,46 милијарди беа само од тестовите, споредено со 800 милиони евра во 2020.
Од најниското ниво во март 2020, акциите на Еурофинс пораснаа за повеќе од три пати кога го достигнаа пикот во септември 2021.