Лето господово 2022-ро

Тенеси го забрани робовладетелството

Иако робовладетелството во САД е противуставно уште од 1865-та, во некои делови на највисоките правни акти сè уште има формулации кои мирисаат на некогашната американска стварност. Граѓаните на Тенеси решија да го прочистат својот устав, иако имаа и пратеници кои гласаа против.

„Земјата на доброволците“ и официјално забрани секаков облик на ропство. Избирачите преку референдум го „прочистија“ членот 33 од Уставот на Тенеси, во кој досега стоеше дека ропството и слугувањето против своја воља се забранети „освен како казна за осудени кои прописно се осудени за злосторство“.

Измените во амандманот со кои се менува ваквата формулација беа  усвоени со 79,54% гласови.

Претходно, дво-партиската иницијатива на оваа тема мина и во законодавниот дом, иако шестмина пратеници беа против.

„Јас не сум правник исто како и повеќето од моите гласачи па не знам како би им го објаснил овој амандман со зборови кои ги разбираат. Прекомплицирано ми е и затоа ќе гласам против“, кажа  еден од нив.

Ропството во САД е укинато со амандманот 13 од Уставот, но во него сè уште постојат формулации кои се рецидив од некогаш легалниот робовладетелски систем во Америка. На пример дека „принудниот труд може да биде казна за кривични дела“.

Тенеси ја исправи оваа реторичка двосмисленост.  

 

9 ноември 2022 - 16:46