Г2 концептот меѓу другите го промовира американскиот гео-стратег Збигњев Бжежински, со цел избегнување на судирот на цивилизациите. Во тоа време размислувањето е дека ако на Кина и се даде статус на речиси рамноправна, тоа ќе го охрабри Пекинг „да игра по правила и ќе поттикне соработка наместо конкуренција до нула.“
„Во ретроспектива ова е пропуштена шанса за Кина. Ако Пекинг го прифатеше Г2, ретка иницијатива за зближување на лидерството на САД и Кина на светската сцена, тоа ќе го променеше правецот на билатералните врски и на целиот свет,“ пишува поранешниот дипломат и колумнист Ши Џингтао, во текстот за СЦМП (South China Morning Post).
Џингтао објаснува дека и покрај длабоката сомничавост на Кина кон меѓународен поредок предводен од САД, Г2 во основа е во согласност со децениските аспирации на Пекинг да биде признаен како глобален играч на ниво на Вашингтон.
Проблемот е што и покрај целиот економски напредок, Кина во тоа време не е подготвена за улогата на глобален лидер. Заради ова Г2 концептот брзо е отфрлен од кинеските политичари и државни медиуми како „американска стапица направена за забавување на подемот на Кина со претерани пофалби и нефер удел во глобалната одговорност.“
За време на посетата на Обама на Пекинг, тогашниот кинески премиер отворено го отфрли американскиот предлог, инсистирајќи дека Кина ќе остане земја во развој уште долги години, порачувајќи „глобалните прашања треба да бидат решени од сите држави во светот, а не само една или две.“
Неуспехот на Г2 концептот се отсликува и на американскиот статус како глобална сила и опаѓачката моќ на либералниот светски поредок предводен од САД.
Повеќе од 10 години по првичниот Г2 предлог, посебно по пандемијата и руската инвазија на Украина, процената на Џингтао е дека се повеќе расте потребата од враќање на биполарниот светски поредок.
„Во пост-пандемиски свет во кој владее хаос и несисгурност, Г2 концептот очигледно доби нова релевантност, а неговиот примарен фокус треба да се префрли од соработка кон тоа како да се зауздаат противничките тензии,“ пишува Џингтао.
Тој ја пренесува и критиката на Филип Ле Кор, професорот од ЕССЕЦ Бизнис школата во Париз, на Г2 концептот:
„Мислам дека Кина е заинтересирана само за овој Г2 натпревар, и го игнорира остатокот од светот.
Наместо мултиполарен свет Пекинг се залага за, овој Г2 формат, што е лошо за мултилатеризмот.“